Баба Гануш

Баба гануш е популарен намаз од Блискиот Исток, со нежна текстура и богат вкус. Добро се вклопува како предјадење или лесен додаток на оброк.

Потребни состојки

2 модри патлиџани
30гр. магдонос
2 чешниња лук
3 лажици сок од лимон
1 лажичка црвен пипер
2 лажички кумин
60гр. таан
50мл. маслиново масло
Начин на подготовка:
  1. Ставете ги модрите патлиџани во рерна да се печат на 200 степени, 30 до 40 минути. Кога ќе бидат готови, извадете ги да се оладат и потоа излупете ги.
  2. Во блендер ставете го магдоносот, лукот, таанот, маслиновото масло, сокот од лимон, црвениот пипер, куминот и излупените модри патлиџани и изблендирајте додека не добиете хомогена смеса. Префрлете ја смесата во сад за послужување.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.