Шакшука

Шакшука потекнува од Блискиот Исток и најчесто се подготвува за појадок или лесен оброк во една тава – со многу вкус и малку труд.

Потребни состојки за шакшука

6 јајца
1 кромид
1 црвена пиперка
4 чешниња лук
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка кумин
чили
500гр. домати
маслиново масло
сол и бибер
Начин на подготовка
  1. Ситно исцекајте го кромидот, пиперката и оставете ги да се пропржат на маслиново масло.
  2. Потоа додајте го лукот и зачините и промешајте уште неколку минути.
  3. Додајте ги и ситно сецканите домати и убаво промешајте.
  4. Од кога зеленчукот малку ќе проврие, искршете ги шестте јајцата одозгора.
  5. Гответе уште 5 до 8 минути или додека јајцата се готови. 

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.