Фритата со брокула и рикота

Фритатата е практичен оброк што лесно се прилагодува со состојките што ги имате дома. Оваа верзија со зеленчук и јајца е погодна за појадок, ручек или лесна вечера.

 

Потребни состојки 

6 јајца
150мл. млеко
140гр. свежи печурки
брокула
50гр. путер
пола кромид
1 мала тиквичка
4 супени лажици рикота сирење / урда
1 млад кромид
сол и бибер

Начин на подготовка на фритата:

  1. Исецкајте го зеленчукот на ситно.
  2. На тава со малку путер, пропржете го кромидот, печурките, тиквичката. Брокулата можете кратко да ја обарите или да ја оставите жива.
  3. Додека зеленчукот омекнува, изматете ги јајцата и додајте го млекото, сол и бибер.
  4. Во тава за печење ставете го пропржениот зеленчук, одозгора полијте го со смесата од јајца и додајте рикота/урда.
  5. Печете на средна температура околу 15тина минути. Кога ќе биде готово додадете ситно сецкан млад кромид одозгора.
Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.