Предлог места за прошетка во околината на Скопје

Скопје е област богата со природни убавини. Ако сте во потрага по места за прошетка и релаксација во природа, околината на Скопје нуди низа привлечни дестинации кои ќе ви овозможат мало бегство од урбаната џунгла. 

Козјак

Козјак е уште едно прекрасно место во околината на Скопје, кое ги привлекува љубителите на природата. Езерото Козјак претставува идила за рекреативци, планинари и велосипедисти кои имаат можност да уживаат во чистиот планински воздух и недопрената природа. Регионот е атрактивна локација поради убавините на езерото. 

Аквадукт

Едно од познатите историски и културни знаменитости во близина на Скопје е Аквадуктот. Оваа древна римска градба се наоѓа во близина на Визбегово и претставува впечатлив археолошки објект. Со своите високи сводови и монументален изглед, Аквадуктот е место кое нуди уникатна можност за прошетка и фотографирање. 

Парк – шумата во „Гази Баба“

За сите љубители на природата, Парк-шумата „Гази Баба“ е идеална дестинација. Сместена во близина на центарот на Скопје, оваа парк-шума пружа мир и спокојство во средина на зеленило и свеж воздух. Идеална е за релаксација и кратко бегство од центарот. Во паркот има неколку стази и летниковци за одмор со што се задоволуваат потребите на секој посетител. 

Кањон Матка

Кањонот Матка е уште едно впечатливо место во околината на Скопје. На само неколку километри југозападно од градот, кањонот создава убава и природна оаза. Тука можете да уживате во спокојот на водата и погледот кон високите карпи. Исто така, можете да ја истражувате културата и историјата на овој регион преку посетата на Пештерата Врело, која се наоѓа во близина на Матка. Оваа пештера претставува еден од најдлабоките пештери во Македонија. 

кањин Матка

Мостот кај село Кожле 

Мостот кај село Кожле уште познат и како „Стојанов мост“ е уште една атрактивна локација во близина на Скопје кој се издига над реката Пчиња. Овој мост е изграден 2012 година и го поврзува селото Кожле со автопатот „Пријателство“ на релација Скопје – Велес. Мостото е изграден со дрвен под и оптегнат на челични сајли и затоа е важно внимателно да се чекори по него, бидејќи се ниша на секое движење. 

Марков Манастир

Марков манастир е сместен јужно од селото Маркова Сушица по долината на Маркова река  и е уште еден значаен религиозен објект во околината на Скопје. Овој манастир се истактнува со својата прекрасна архитектура и фрески. Се наоѓа во мирна и природна околина што го прави идеално место за викенд излет или прошетка. 

Катланово

Катланово е познато рекреативно место сместено во близина на Скопје, поточно во општина Петровец. Оваа област е идеална за пешачење и пикници. Изобилува со патеки и стази кои ќе ве одведат до прекрасни пејсази и панорами на градот и околината. Катланово исто така нуди и други активности како трчање и кампување. 

Крстот кај Кучково

Крстот на Кучково е иконичен споменик кој се наоѓа на врвот на селото Кучково во околината на Скопје. Прошетката до Крстот во Кучково како и во околната борова шума е одлична активност за физичка рекреација и за уживање во прекрасниот панорамски поглед. Исто така во шумата во околина на Крстот се наоѓаат неколку мали манастири. 

Ајватовски Рид 

Ајватовски рид се наоѓа во околината на село Ајватовци недалеку од Скопје. Оваа ридска област нуди извонреди можности за прошетки и истражување на природата. Исто така патот до Ајватовци е доста популарен помеѓу велосипедистите, особено за викендите. 

Овие места за прошетка се само дел од прекрасната природа во околината на Скопје. Прошетките на овие места не само што ќе ви пружат физичка активност и релаксација, туку и ќе ви овозможат да се насладите на вистинско и неповторливо искуство во околината на Скопје.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе