Aстролошки куќи - што претставуваат?

Наталните карти се составени од три елементи, клучни за нејзино толкување, а тие се – знаци, планети и aстролошки куќи. Овие куќи се основен дел од наталната карта и го претставуваат нашиот живот.

Секоја астролошка куќа е поврзана со различни аспекти од животот како што се личноста, парите, комуникациите, домот, љубовта, здравјето, партнерствата, трансформациите, филозофијата, кариерата, пријателствата и духовноста.

Прва куќа (куќата на себеси)

Првата куќа, позната и како Асцендент, ја прикажува нашата личност, физичкиот изглед и првиот впечаток кој го оставаме на другите. Таа ја покажува нашата самоперцепција и начин на изразување во светот. Планетите во оваа куќа значително влијаат на нашето однесување и стилот на комуникација.

Втора куќа (куќата на материјалното)

Втората куќа ја претставува нашата врска со материјалното, финансиската стабилност и вредностите кои ги поседуваме. Оваа куќа покажува како ги заработуваме и трошиме парите, како и нашата самопочит и лични вредности. Планетите во оваа куќа може да покажат каде се нашите најголеми финансиски предизвици или успеси. Втората куќа е поврзана со знакот на Бик и со планетата Венера. 

Трета куќа (куќата на комуникации)

Третата куќа се однесува на комуникацијата, мисловните процеси, учењето и блиските роднини. Таа ја претставува способноста за комуникација, односите со најблиските, браќа, сестри, братучеди, но исто така се однесува и на кратките патувања. Планетите во оваа куќа ја опишуваат нашата интелектуална активност и начинот на кој ги пренесуваме своите идеи.

Четврта куќа (куќата на домот и семејството)

Четвртата куќа е поврзана со домот, корените, семејството и приватниот живот. Оваа куќа е поврзана со Ракот и Месечината. Таа ја претставува нашата емоционална основа, детството и односите со родителите, особено со мајката. Планетите во оваа куќа покажуваат како се чувствуваме и што ни е потребно за да се чувствуваме безбедно и пријатно.

Пета куќа (куќата на задоволства и креативност)

Петтата куќа ја претставува креативноста, љубовните врски, децата и забавата. Оваа куќа покажува како се изразуваме креативно и каде наоѓаме радост и задоволство. Петтата куќа ја покажува нашата способност за љубов и креативни проекти. Таа е поврзана со Лавот и Сонцето. 

Шеста куќа (куќата на здравјето и работа)

Шестата куќа се однесува на здравјето, секојдневните задачи и работата. Таа ја претставува нашата рутина, грижата за телото и односите со колегите. Планетите во оваа куќа покажуваат како се справуваме со секојдневните обврски и колку внимание посветуваме на здравјето. Таа се поврзува со Девица и планетата Меркур. 

Седма куќа (куќата на партнерствата)

Седмата куќа поврзана со знакот Вага и планетата Венера ја претставуваат брачните и деловните партнерства, договорите и јавните односи. Оваа куќа ги покажува нашите долгорочни врски и способности за соработки. Планетите во оваа куќа ја откриваат природата на нашите партнерства и каков партнер ни одговара.

Осма куќа (куќата на трансформации)

Осмата куќа е поврзана со сексуалноста, смртта, трансформациите, наследствата и заедничките финансии. Таа ја претставува нашата способност за длабоки промени. Поврзана е со знакот Шкорпија и планетата Плутон. Планетите во оваа куќа покажуваат каде можеш да се соочиме со големи промени и какви тајни носиме во себе.

Деветта куќа (куќата на филозофијата и далечните патувања)

Деветтата куќа е поврзана со хороскопскиот зна Стрелец и планетата Јупитер, како и со прашања поврзани со смислата на животот, филозофијата, религијата, странските култури и далечните патувања. Таа ја открива нашата потрага по смисла и разбирање на светот. 

Десетта куќа (куќата на кариерата и јавниот имиџ)

Десеттата куќа е поврзана со кариерата, амбициите, јавниот имиџ и статусот. Таа ја претставува нашата професионална патека и успехот во општеството. Планетите во оваа куќа покажуваат кои се нашите професионални цели и како не гледа општеството. Оваа куќа е поврзана со знакот Јарец и планетата Сатурн. 

Единаесетта куќа (куќата на пријателствата)

Единаесеттата куќа се однесува на пријателствата, групните активности и надежите за иднината. Поврзана е со знакот Водолија и со планетата Уран. Таа ја претставува нашите социјални односи и идеалите. Покажува како ги градиме и одржуваме пријателствата и какви соништа имаме за иднината.

Дванаесетта куќа (куќата на духовноста и тајните)

Дванаесеттата куќа претставува духовноста, тајните, затвореноста и самопожртвувањето. Таа ја открива нашата внатрешна состојба, соништата и кармичките лекции. Планетите во оваа куќа покажуваат кои се нашите скриени слабости и духовни потраги. Таа е поврзана со хороскопскиот знак Риби и планетата Нептун. 

Секоја од овие астролошки куќи има значајно влијание врз различни аспекти од нашиот живот. За да добиеме целосна слика, потребно е да ги знаеме точните позиции на планетите во нашата натална карта.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе