Најдобрите места за гледање ѕвезди во Македонија

Кога последен пат сте застанале и сте погледнале во ѕвездите? Се поретко наоѓаме време да застанеме и да го забележиме прекрасното небо што ни се простира над главите. Македонија нуди многу локации од каде можете да и се восхитувате на магијата на ѕвездите. Еве ги најдобрите места за гледање ѕвезди во Македонија:

Козјак

Добро познатиот видиковец на езерото Козјак е прекрасно место за набљудување на ѕвездите. Ова езеро е сместено во срцето на природата, оддалечено од градските светла (откако ќе затвори Аурора), што го прави идеално за набљудување на ѕвездите и метеорските дождови.

Кокино

Кокино, древна мегалитска опсерваторија која се наоѓа во близина на Куманово, е едно од најстарите места за набљудување на ѕвездите во светот. Ова археолошко наоѓалиште, нуди уникатно искуство за набљудување на ѕвездите, комбинирајќи историја и астрономија.

Галичник

Високо на планината Бистра, село Галичник, одалечено од ѕвучниот метеж, нуди идеални услови за гледање на ѕвезди. Посетителите можат да уживаат во чистото небо и да го набљудуваат магичниот поглед кон универзумот.

Лазарополе

Лазарополе, уште едно планинско село е едно од најубавите села во Македонија. Со својот чист воздух и минимално светлинско загадување, Лазарополе е совршено место за набљудување на ѕвездите. Ова село нуди мир и спокојство, како и прекрасни пејзажи кои ја прават ноќната авантура уште повозбудлива.

Солунска Глава

Солунска Глава, врв на планината Јакупица, е едно од највисоките места во Македонија, со височина од 2,540 метри. Овој врв е оддалечен од урбаните подрачја и нуди одлични услови за набљудување на ѕвездите. Чистиот планински воздух и недопрената природа го прават ова место совршено за астрономски активности.

Пелистер, Баба Планина

Пелистер, врв на Баба Планина, е идеално место за набљудување на ѕвездите. Со својата височина од над 2,600 метри и оддалеченост од градските светла, Пелистер нуди чисто небо идеално за гледање ѕвезди. Освен тоа, можете да уживате во чистиот планински воздух и прекрасната природа.

Преспанско Езеро

Преспанското Езеро, сместено во југозападниот дел на Македонија, е идеално место за набљудување на ѕвездите благодарение на својата височина од 853 метри и минималното светлинско загадување. Окружено со планини и бујна вегетација, езерото нуди чисто небо кое е совршено за гледање на бројни ѕвездени констелации. Кампувањето покрај езерото обезбедува мир и спокојство, овозможувајќи целосно да се соедините со природата и да уживате во магијата на ноќното небо.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе