Полната месечина во Стрелец на 11 јуни носи самодоверба, храброст и јасност во изразувањето. Овој огнен знак нè охрабрува да ја бараме вистината, да преземеме ризици и да се водиме од сопствените вредности.
Со Сонцето во Близнаци, ова е идеален момент да бидеш љубопитен, да учиш нешто ново и да ја прошириш перспективата. Стрелецот, под влијание на Јупитер, ја носи пораката дека универзумот е без граници – а истото важи и за твојот личен потенцијал.
Ова е покана за ново патување и слободно изразување.
Што носи полната Месечина во Стрелец?
Последните три години, додека Сатурн беше во Риби, носеше чувство на ограниченост и тежина. Сега, кога тој период заврши, конечно се чувствува олеснување. Енергијата на оваа полна месечина е полесна, пооптимистична и нè поттикнува на акција.
Месечината е во динамична врска со Марс во Лав, што внесува сила, самодоверба и желба за дејствување. Може да почувствуваш силна желба да преземеш иницијатива, да застанеш зад својата вистина или енергично да се впуштиш во нешто ново.
Иако не сме во сезона на еклипси, разговорите, мислите и одлуките што ќе ги донесеш сега може да имаат длабоко и долгорочно значење. Можно е нешто да се промени – или во начинот на кој гледаш на иднината, или во насоката по која се движиш.
Меркур и Венера соработуваат хармонично, носејќи полесна комуникација, разбирање и можност да се каже нешто важно со емпатија. Денот е поволен за искрени разговори, отворање срца и поврзување со луѓето.
Сепак, Јупитер – владетелот на оваа полна месечина – е во напрегнат однос со Сатурн и Нептун. Ова е потсетник да останеш приземјен, да размислиш внимателно пред да донесеш одлука и да не преземаш обврски што не можеш да ги исполниш. Иако инспирацијата е силна, трпението и умереноста ќе ти помогнат да направиш добри чекори напред.
♈ Овен
Полната месечина се активира во деветтата астролошка куќа, што влијае врз твоите верувања, образованието, патувањата и ширењето на личната перспектива. Можеш да почувствуваш силна потреба да научиш нешто ново, да запишеш курс, да патуваш или едноставно да размислуваш подлабоко за животот. Ова е поволен момент за изразување на ставови и вредности, особено во разговори што долго време ги одложуваш. Можно е да се заврши некој проект поврзан со пишување, предавање или медиумско појавување, или пак да добиеш признание за својата експертиза. Може да се појави и важна вест која ќе го смени начинот на кој гледаш на некоја тема или личност.
Практика за грижа за себе: Сними гласовна белешка во која слободно зборуваш за нешто што долго време те притиска. Ова ќе ти помогне да ја добиеш потребната самодоверба за да го споделиш тоа и со другите.
♉ Бик
Полната месечина се случува во твојата осма астролошка куќа, што ја активира темата на длабоки емоции, доверба, интимност и заеднички ресурси. Ова може да биде време на емоционално чистење – кога се соочуваш со чувства што обично ги потиснуваш, како страв, вина или срам. Исто така, можно е да има разговори околу финансии со партнери, цимери или блиски луѓе, или пак да дојде до крај или почеток на некој финансиски договор. Енергетски, ова е период на трансформација – и на емоционално и на практично ниво.
Практика за грижа за себе: Напиши список на стравови што ги носиш со себе – потоа симболично запали ја хартијата и препушти се на чувството на ослободување.
♊ Близнаци
Светлото на полната месечина паѓа врз седмата куќа – областа на блиските односи, партнерствата и договорите. Можно е некој однос да достигне пресвртна точка: да се подигне на повисоко ниво, или пак да заврши. Ако си во врска, може да дојде до значаен разговор или одлука. Ако си слободен, може да запознаеш личност со потенцијал за стабилна врска. Исто така, оваа Месечина може да донесе нова понуда за соработка или важен правен или деловен договор. Твојот фокус е насочен кон тоа што значи вистинска поврзаност и какви вредности сакаш да делиш со другите.
Практика за грижа за себе: Напиши писмо (може и да не го испратиш) до некоја личност со која имаш нерешан однос. Ова ќе ти помогне да се изразиш и внатрешно да си ги расчистиш проблемите.
♋ Рак
Шестата куќа – поврзана со дневната рутина, работата и здравјето – е активирана од оваа полна месечина. Ова е време да се запрашаш: дали се грижиш доволно за себе, дали твоето секојдневие е во склад со твоите вистински потреби? Можно е да почувствуваш замор или несразмерност меѓу она што го даваш и она што го добиваш. Ова е поволен момент за воведување на нова рутина, расчистување со некој нездрав шаблон на однесување, или поставување на граници – на работа или во домот. Секоја мала промена во навиките може да има големо влијание.
Практика за грижа за себе: Напиши го својот идеален утрински и вечерен ритуал. Избери една мала промена што можеш да ја воведеш веднаш – и следи како ќе се чувствуваш во следните денови.
♌ Лав
Полната месечина ја активира твојата петта куќа – зоната на креативноста, страста, љубовта и радоста. Може да се случи нешто што ќе ти врати чувство на живост: флерт, уметничка инспирација или чувство дека повторно уживаш во животот. Ова е и време кога некој креативен проект може да се финализира или да добие пофалби. Исто така, љубовните врски се под силно влијание – може да се разбуди нова страст, а слободните да запознаат некој што ги инспирира. Месечината потсетува колку е важно да правиш нешта што ти носат чиста радост.
Практика за грижа за себе: Помини време во нешто што те исполнува – цртање, пеење, игра, прошетка со музика – нешто што ќе ти го отвори срцето.
♍ Девица
Темата на домот, потеклото и емоционалната стабилност е во преден план, бидејќи полната месечина ја активира четвртата куќа. Ова може да биде момент кога доаѓаш до длабоко разбирање поврзано со семејството или минатото. Можно е да се појават стари емоции или нерешени семејни теми, но ова е шанса за емотивно расчистување. Можно е да размислуваш за преселба, реновирање или конкретна промена во начинот на кој го уредуваш или доживуваш својот дом. Месечината те води кон внатрешна стабилност и личен мир.
Практика за грижа за себе: Расчисти еден агол од домот што те нервира или го избегнуваш. Физичкото расчистување често води до емоционално олеснување.
♎ Вага
Третата куќа – која се поврзува со мислата, изразувањето и секојдневната комуникација – е под светлината на полната месечина. Може да дојде до кулминација во разговор, важна вест или одлука што ја одложуваш. Ова е и добар момент за учење, пишување или завршување на проект. Односите со роднини, особено браќа и сестри, може да се развиваат или менуваат. Ќе почувствуваш јасност во мислите, но можеби и потреба да кажеш нешто што долго време го чувствуеш, но не си го искажал.
Практика за грижа за себе: Води дневник неколку дена по ред – нека биде место каде што слободно ќе ја изразуваш својата внатрешна вистина.
♏Шкорпија
Темата на сигурноста – емоционална и финансиска – излегува во преден план, бидејќи полната месечина ја активира втората куќа. Можно е да започнеш нова работа, фриленс проект или дополнителна активност што ќе ти носи заработка. Истовремено, ова е период кога можеш да ги преиспиташ своите приоритети и вредности: што ти е навистина важно, што сакаш да задржиш и во што сакаш да вложиш? Можно е да почувствуваш поголема самопочит и свесност за сопствената вредност, но тоа ќе бара да поставиш граници и да го заштитиш своето време и енергија.
Практика за грижа за себе: Почасти се со нешто што ќе те направи да се чувствуваш ценето – дури и малиот гест може да направи голема разлика.
♐ Стрелец
Оваа полна месечина се случува во твојот знак и ја активира првата куќа – областа на идентитетот, личната иницијатива и самопочитта. Ова е важен момент кога нешто во тебе се менува. Може да почувствуваш силна потреба да се покажеш таква/ов каков што навистина си, да промениш нешто во својот изглед, начинот на кој се изразуваш или насоката по која одиш. Ќе имаш храброст да преземеш чекор што долго време го одложуваш. Иако тоа може да биде непредвидливо, енергијата е на твоја страна.
Практика за грижа за себе: Направи нешто што бара храброст – постави нова цел, откажи се од нешто што не ти служи или преземи прв чекор кон промена.
♑ Јарец
Полната месечина ја активира дванаесеттата куќа – просторот на внатрешниот свет, интуицијата, повлекувањето и краевите. Ова е момент кога може да почувствуваш потреба за тишина, одмор и самоиспитување. Некои процеси се затвораат – можеби некоја емоционална врска, работа, обврска или внатрешен облик на размислување. Можно е да се појават силни емоции или сонови што носат пораки. Ако си избегнувал одредено чувство или реалност, сега ќе мораш да се соочиш со тоа – но со целосна поддршка од универзумот да го исчистиш просторот за нешто ново.
Практика за грижа за себе: Посвети секојдневно неколку минути на тивок ритуал – туширање со намера, длабоко дишење, медитација или малку време во природа.
♒ Водолија
Полната месечина ја активира единаесеттата куќа – полето на пријателствата, колективната поддршка и долгорочните желби. Можно е да добиеш добри вести што се поврзани со некој проект, група или заедница со која соработуваш. Ова е момент на напредок или манифестација на нешто за што одамна работиш. Ќе размислуваш подлабоко за тоа кои луѓе ти се вистински поддршка и каде припаѓаш. Нови пријателства или покани за настани се исто така можни – важно е да обрнуваш внимание на тоа што те исполнува и те мотивира.
Практика за грижа за себе: Поврзи се со група или иницијатива што те инспирира. Дури и мал придонес може да отвори нови врати и да ти ја врати мотивацијата.
♓ Риби
Полната месечина ја осветлува десеттата куќа – полето на кариерата и професионалните цели. Можно е да добиеш признание за некоја работа што долго ја градел. Истовремено, можеш да почувствуваш внатрешен порив да го преиспиташ својот професионален правец – дали тоа што го работиш навистина ти носи смисла и задоволство? Можно е да дојде до промена во односот со шеф, колега или некој авторитет, или пак сам/а да донесеш одлука да тргнеш по нова професионална насока. Под оваа Месечина, зборуваш искрено, дури и ако се чувствуваш ранливо – и токму тоа носи ослободување.
Практика за грижа за себе: Потсети се на својот напредок – погледни каде си бил/а пред една, пет или десет години. Препознај го растот и почести се за својата истрајност.