7 најздрави овошја што треба да ги јадеш оваа сезона

Овој период од годината е идеален за да му дадеме на телото полесна и свежа храна, богата со витамини, растителни влакна и природни антиоксиданси. Во продолжение издвојуваме 7 пролетни овошја кои вреди да ги вклучите во исхраната – и тоа не само поради вкусот, туку и поради нивното дејство врз имунитетот, варењето и целокупната енергија.

Јагоди

Јагодите се едни од првите овошја што го најавуваат доаѓањето на пролетта. Освен што се неодоливо вкусни, тие се богат извор на витамин Ц, фолна киселина и антиоксиданси кои го штитат телото од воспалителни процеси. Придонесуваат за здрава кожа и го зајакнуваат имунитетот – особено важно во периоди на сезонски промени.

Цреши

Црешите се вистинско пролетно задоволство, полни со природен мелатонин кој го поддржува здравиот сон. Богати се и со антоцијани – соединенија кои ги намалува воспаленијата, ги релаксираат мускулите и го помагаат здравјето на срцето.

Кајсии

Кајсиите имаат нежна текстура и пријатен вкус, но и силна нутритивна вредност. Тие се одличен извор на витамин А, бета-каротен и калиум – витамини и минерали што ја подобруваат функцијата на срцето, ја одржуваат кожата еластична и ги заштитуваат очите.

Праски

Праските се сочни, ароматични и богати со витамини Ц и А, како и со растителни влакна. Помагаат во хидратацијата на телото, го олеснуваат варењето и имаат благи детоксикациски својства. Највкусни се свежи, но можат да се додаваат и во овошни салати, смути или лесни десерти.

Дудинки

Црниците (дудинки) се често потценето, а многу вредно сезонско овошје. Богати се со железо, витамин Ц и антиоксиданси што го зајакнуваат имунитетот и го поддржуваат крвотокот. Имаат сладок вкус и може да се јадат свежи, сушени или да се комбинираат со јогурт или житарки.

Малини

Малините се познати по својот богат вкус и ниска калориска вредност, но и по високата содржина на витамин Ц, растителни влакна и антиоксиданси. Особено се добри за регулирање на шеќерот во крвта и за подобрување на дигестијата. Кон крајот на пролетта, кога се појавуваат свежи на пазарот, се одличен избор за појадок, салата или смути.

Рибизли

Црвените и црните рибизли се богати со витамин Ц, калиум и антоцијани – соединенија што го поддржуваат имунитетот. Иако малку покисели по вкус, тие се вистинска витаминска „бомба“. Најчесто се достапни на крајот од мај и почетокот на јуни и вреди да се вклучат во исхраната штом ги сретнете.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе