Потребни состојки:
- 250 гр. бадеми;
- 6 урми, без семка;
- 1/2 мешунка од ванила, пресечена по должина;
- 1 литро вода.
Потребно време за подготовка е 15 минути.
Начин на подготовка:
Ставете ги бадемите во сад, додадете ладна вода доволно за да бидат бадемите потопени. Одозгора покријте го садот, ставете го во фрижидер и оставете ги бадемите да отстојат барем преку ноќ, или до 2 дена.
Потопете ги урмите и мешунката од ванила во литро вода, покријте го садот и ставете го фрижидер да отстои преку ноќ. Кога ќе ги извадите од фрижидер, отстранете ја ванилата.
Бадемите кога ќе ги извадите од фрижидер измијте ги убаво и ставете ги во блендер заедно со урмите и водата во која биле урмите. Сите овие состојки убаво изблендирајте ги додека не добиете хомогена смеса. За крај, процедете го млекото за да ги отстраните цврстите остатоци.
Voilà! Bon appétit!