Ориз со индиски ореви и зеленчук

Потребни состојки:

  • 2 моркови (ситно исецкани)
  • 1 кромид (ситно исецкани)
  • 2 чешниња лук (ситно исецкан)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 100гр. брокула  (на парчиња)
  • 115гр. индиски ореви
  • 400 – 500гр. кафеав ориз
  • 100гр. грашок
  • соја сос

Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.

Нутритивна вредност: калории 470; натриум 970мг. (40%); масти 18гр. (28%); јаглехидрати 68гр. (23%); влакна 9гр. (36%).

Начин на подготовка:

На маслиново масло пропржете ги кромидот и морковот додека не омекнат. Потоа додајте го лукот и пропржете уште една минута. Додајте ги индиските ореви и брокулата и гответе уште 5 минути на тивок оган додека брокулата не омекне. Сварете го оризот и грашокот, посебно и кога ќе бидат готови додајте ги во тавчето со зеленчукот и индиските ореви. Прелијте со соја сос и послужете.

Voilà! Bon appétit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.