Оваа вегетаријанска паеља е шаренило од вкусови и бои што ќе го разубави секој оброк. Подготвена со свеж зеленчук, ароматични зачини и ориз, таа е идеален избор за оние кои сакаат нешто вкусно, здраво и поинакво. Одлична е за ручек со пријатели, семејна вечера или кога едноставно сакате да внесете малку медитеранска магија во кујната.
Потребни состојки
| маслиново масло |
| 2 моркови |
| 3 млади кромидчиња |
| 3 чешниња лук |
| 500гр. ориз |
| половина чаша доматен сос |
| 1 лажица црвен пипер |
| малку шафран |
| 500гр. мешан зелнчук (аспарагус, грашок, шери домати, тиквичка) |
| парчиња лимон |
| свеж босилек |
| свеж магдонос |
| 1 коцка супа од зеленчук |
Начин на подготовка
- Загрејте ја рерната на 150⁰C.
- Во 1 литар вода, на оган, ставете коцка за супа од зеленчук.
- Во голема тава на средна температура, загрејте го маслиновото масло и ставете ги исецканите моркови и младото кромидче. Додајте го и лукот и оставете да се пропржат додека не омекнат.
- Додајте го оризот и мешајте. Внимавајте оризот да не се залепи или изгори. Додајте половина чаша доматен сос. Додадете го шафранот и црвениот пипер.
- Додајте го миксот од зеленчуци сите ситно исцекани. Потоа, прелијте го оризот и зеленчукот со претходно приготвената жешката супа од зеленчук и оставете ја паељата уште точно 17 минути на тивок оган.
- Ставете ја паељата во претходно загреаната рерна и печете уште 12 минути. Кога ќе биде готова извадете ја од рерна и оставете ја да се олади некоја минута. Одозгора ставете парчиња лимон, магдонос и свеж босилек.
Voilà! Bon appétit!