Тестенини со модар патлиџан

Кога ќе ви здосадат еднолични оброци, тестенини со зеленчук се едноставен начин да внесете боја и вкус во чинијата. Овој рецепт не бара многу време, а резултатот е лесен и домашен оброк.


Потребни состојки 

400гр. тестенини (пене паста)
1 модар патлиџан (поголем, исечен на парчиња)
1 црвена пиперка (исечена на парчиња)
половина главица кромид
1 чешне лук
200гр. спанаќ
260мл. доматен сос
чили
шеќер
сол и бибер

Начин на подготовка

  1. Ставете ги тестенините да се варат.
  2. Во меѓувреме на тава со маслиново масло пропржете го кромидот и лукот. Додајте го сецканиот модар патлиџан и пиперката. Пропржете и додајте ги зачините.
  3. Додајте го доматниот сос и малку шеќер за да избие киселоста. Оставете кратко да проврие, па потоа додајте го спанаќот.
  4. До сега тестенините веќе треба да се готови. Ставете ги директно во сосот, убаво промешајте и послужете.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе