Шеќерот непријател број 1

Многу експерти веруваат дека засладената храна предизвикува глобална здравствена криза. Зошто шеќерот е толку лош? Дали можеме без шеќер? Еве сè што треба да знаете:

Зошто шеќерот е во центарот на вниманието?

Со години нутриционистите не предупредуваат да се држиме настрана од мастите и холестеролот – две зла за кои долго време се сметало дека се предизвикатели на епидемијата на гојазност, дијабетес и болести на срцето. Но, сè поголем број на нутриционисти сега покажуваат со прст кон шеќерот, тврдејќи дека нашата преголема консумација на газирани пијалоци, слатки, чоколади и други видови на преработена храна се вистинската причина за некои од  проблемите со здравјето. Некои одат уште подалеку и тврдат дека шеќерот е „отров“ што создава зависност и предизвикува цела низа на дегенеративни заболувања  – вклучувајќи го и ракот. Се појавуваат докази кои укажуваат на тоа дека шеќерната индустрија го минимизира значењето на тие ризици за профит.

Колку шеќер консумираме?

Просечниот возрасен човек дневно конзумира 22 лажички шеќер, додека просечното дете, 32. Светската здравствена организација препорачува само шест лажички шеќер на ден. Додадените шеќери, оние кои не се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, како на пример рафинираниот шеќер, високо-фруктозниот сируп, започнале значително да се употребуваат во исхраната во Западот кон средината на 20тиот век, кога научниците почнале да ги откриваат врските помеѓу шеќерот и болестите на срцето. Тогаш, шеќерната индустрија одлучила да се спротивстави на овие истражувања и притоа да употреби агресивни тактики. Прво, како што се открило, индустриска група потплатила три нутриционисти од Харвард да го свртат вниманието на јавноста. Во 1967 година во весник за медицина, имало напишано статија каде што се велело дека: „најдобриот начин да се спречат срцеви болести е намалување на нивото на холестеролот и заситени масти.“ – ова е само еден од примерите како се свртувало вниманието од штетноста на шеќерот.

Што се случило понатаму?

Индустријата започнала со агресивни кампањи во 1970-те за да го убеди светот дека шеќерот всушност помага во губењето на тежината, преку намалување на апетитот. Една кампања тврдела: „Шеќерот може да ви биде волјата што ви треба да јадете помалку.“ Друга кампања советувала да се јадат колачиња пред ручек секој ден. Тие кампањи заедно со работата на истражувачите од тој период кои ги заматиле истражувањата доволно за да ризиците од консумирање на шеќер станат нејасни, довеле до илјадници ако не и милиони луѓе да прифатат исхрана богата со шеќер, а малку маснотии.

Зошто шеќерот е толку лош за нас?

Научниците откриле дека рафинираниот шеќер, кој е составен од фруктоза, глукоза и јаглехидрати е потешко да се метаболизира за разлика од  јаглехидрати базирани на чиста глукоза што можат да се најдат во компирот или во други продукти од скроб. Додека глукозата се претвора во енергија од страна на секоја клетка во телото, фруктозата главно се метаболизира во клетките на црниот дроб. Кога едно лице консумира многу фруктоза, тогаш црниот дроб се преоптеретува и ја конвертира фруктозата во масти од кои некои се собираат токму во црниот дроб. Акумулацијата на масти во црниот дроб може да предизвика инсулинска резистенција, која ја нарушува способноста на телото да одржи стабилно ниво на шеќер во крвта што доведува до срцеви заболувања и дијабетес – велат некои нутриционисти. Отпорноста на инсулин е примарен двигател на дебелината, а исто така може да доведе до деменција и до некои видови на рак.

Што може да се направи ?

Поединците можат да одберат да го ограничат внесувањето на шеќер – но за тоа е потребно избегнување на скоро секоја процесирана храна. За да намалат консумирање на шеќер, некои луѓе се префрлуваат на вештачките засладувачи со нула калори. Но, малку се знае за долгорочните ефекти кои ги предизвикуваат на телото, овие хемиски замени.

Омилената дрога на светот

Шеќерот е насекаде, 80% од храната што ја има во супермаркетите содржи шеќер, па дури и „солената“ храна често содржи повеќе шеќер, отколку слаткото задоволство како сладоледот. Обичниот леб може да има дури и до една лажичка шеќер по парче. Кечапот Heinz содржи 22,8% шеќер, што е дупло повеќе од лименка Coca Cola. Како што ги полниме нашите тела со шеќер, така стануваме сè позависни. Шеќерот го мами мозокот, односно системот за награда на мозокот и го тера телото да бара повеќе и повеќе. Тој може да предизвика поголема зависност, отколку рекреативните дроги – вели едно истажување. Кога ќе се погледнат истражувања направени врз животни, споредувајќи го шеќерот и кокаинот, дури и кога имате глувци зависни интравенски од кокаин, откога ќе се воведе шеќерот, речиси сите од нив се префрлаат на шеќер.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе