Коензим Q10 и Омега 3 - најчести додатоци во исхраната

Коензимот Q10 и омега 3 се најчестите додатоци во исхраната. Тие често се консумираат со цел да се подобри здравјето на срцето или мозокот. Неодамнежните истражувања ги испитуваат тврдењата за овие додатоци и каков ефект имаат.

Важноста на коензимот Q10 и омега 3

Коензимот Q10 се користи за помагање во генерирањето на енергија во секоја од телесните клетки и може да се внесе преку храна или може да биде произведен од вашето тело. Иако вашето тело може да произведе коензим Q10, нивоата на производство започнуваат да опаѓаат по 20тата година. Од друга страна, Омега 3 е есенцијална масна киселина што значи дека е од витално значење за здрав раст и не може ефективно да се синтентизира од телото. Омега 3 е неопходна за изградба на здрави клеточни мембрани и е важна компонента на миелинските обвивки во нервниот систем.

Функцијата на коензимот Q10

Коензимот Q10 е антиоксидант, што значи ги заштитува клетките од оштетување од слободните радикали предизвикани од загадување, изложување на сонце и секојдневниот живот. Некои истражувања укажуваат дека коензимот Q10 може да го забави растот на канцерогените клетки. Коензимот Q10 и Омега 3 ја забавуваат прогресијата на Паркинсовата болест, го намалуваат крвниот притисок и го одржуваат срцето здраво.

Функцијата на Омега 3

Омега 3 масната киселина го намалува ризикот од срцев удар и кај луѓето со или без дијагностицирани срцеви заболувања. Според новите истражувања го намалува ризикот од нередовно отчукување на срцето, го намалува холестеролот и ја зголемува циркулацијата на крвта. Тие исто така покажуваат дека постои корист од употреба на Омега 3 при биполарна или униполарна депресија, кога се користи во комбинација со традиционални лекови, а доказите се помалку јасни во случаи на шизофренија. Постојат малку докази дека Омега 3 ја зголемува концентрацијата и меморијата кај децата со АДХД, но нема докази дека Омега 3 ги намалува симптомите на аутизам.

Извори и дозирање на Омега 3

Омега 3 изобилува во црниот дроб на рибите од студените води како скуша и лосос. Таа е присутна во помали количини во ленот, јајцата и некои видови на алги. Се препорачува јадење на риба најмалку двапати неделно за средновечните и постарите мажи и жени без дијагностицирана срцева болест, а за оние со дијагностицирани срцеви заболувања, се препорачува дневно еден грам Омега 3 без разлика дали се консумира во форма на додатоци или како риба.

Извори и дозирање на коензим Q10

Коензимот  Q10 е најзастапен во месото, како говедското или во животинските органи, како што е црниот дроб. Коензимот Q10 се наоѓа во сите растенија и производи добиени од животни, но не во доволни количини за да се задоволат потребите на телото. Како додаток во исхраната не постојат упатства за дозирање, но едно истражување препорачува доза од 30 милиграми до 200 милиграми дневно.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе

Чиа пудинг со малини

Ако барате лесен, здрав и вкусен десерт што ќе ги задоволи вашите желби за слатко без чувство на вина, тогаш овој чиа пудинг со малини е совршен избор за вас.

Прочитај повеќе

Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)

Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.

Прочитај повеќе