Избегнувајте ги овие 4 фрази кои можат да ескалираат расправија - еве што да кажете наместо!

Нема секогаш да се согласувате со другите, сообено кога сте лути, но секако можете да избегнете да влезете во расправии. За да не делува како да се расправате, прво мора да бидете свесни за знаците. Има многу знаци кои наведуваат на расправија, како повишен тон, наведнување со телото напред итн. Но, еден од главните знаци дека се расправaте е користење на обвинувачки говор. 

Еве неколку фрази што треба да ги избегнувате за да спречите жестока расправија.

Избегнувајте ги овие 4 фрази за да спречите расправија

Сè што е многу дефинитивно или директно може да предизвика расправија. Тоа се работи што навистина имплицираат дека некој влегува во конфликт. Некои фрази што треба да ги избегнувате за време на несогласувања се:

  • “Ти секогаш…”
  • „Не можам да верувам…“
  • „Ова е затоа што ти…“
  • „Не ме слушаш…“ или „Никогаш не слушаш…“

Парафразирајте ги исказите и поврзете се соговорникот

Наместо да користите обвинувачки фрази, пробајте да ги парафразирате. Со тоа давате шанса да се поврзете со соговорникот со кој водите дискусија. На пример, ако разговарате за политика, потврдете дека сте го слушнале мислењето на другата личност, дури и ако не се согласувате со него, а потоа искажете го вашето мислење, или вашата перспектива со почит. Ова ќе и покаже на другата личност дека ја слушате, што е многу важно при дискутирање.  

На работа и во нашиот личен живот, треба да очекуваме дека ќе има моменти кога ќе бидеме во конфликт и кога ќе треба да го искажеме нашето мислење или нашата гледна точка на чувствителен начин.

Кога се соочувате со несогласувања, најдобро е да се потсетите дека мислењата на другите луѓе не се погрешни, ниту значи дека луѓето имаат нешто против вас. Важно е да ги цените различните мислења. 

Пробајте да користите фрази како што се:

  • „Навистина те слушам…“
  • „Се обидувам да разберам…“
  • „Можам да замислам од твоја перспектива ова е…“

Ако очекувате несогласување или тежок разговор, планирајте однапред и пристапете им имајќи ги работи на ум:

Фокусирајте се на темата, а не на личноста. Бидете ориентирани кон сегашноста. Обидете се да не ги изнесувате минатите аргументи или да „предвидувате“ потенцијални исходи во иднина. Гледајте го како проблем што треба да се реши, а не како битка што треба да се добие.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од Рецепти

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Освежителна лимонада со куркума и лимон

Оваа освежителна лимонада со куркума е едноставен пијалак што лесно се подготвува и е одличен избор за топлите денови кои доаѓаат. Куркумата му дава убава златна боја, додека свежиот сок од лимон создава пријатна киселкаста свежина. За засладување може да се користи стевија, но подеднакво добро одговараат и мед или јаворов сируп.

Прочитај повеќе

Крема чорба од компир и праз

Кога немате многу време, а сакате да зготвите нешто вкусно, едноставно и хранливо, оваа крем чорба од компир и праз е сигурен избор. Се подготвува со неколку основни состојки и не бара некои посебни кулинарски вештини. Добра е и за ручек и за вечера, а уште подобра следниот ден, кога вкусовите дополнително ќе се спојат.

Прочитај повеќе