Урбана пермакултура е попопуларно движење започнато од жителите на градовите кои сакаат да го намалат нивното влијание врз животната средина, а истовремено да имаат поголема контрола од каде доаѓа нивната храна.
Пермакултура во основа е идеја дека со набљудување и следење на природата, можеме да создадеме бескрајно снабдување со храна. Овој концепт потекнува од Австралија користејќи принципи на дизајн што може да го трансформираат дворот, балконот, покривот или градината во одржлива област за производство на храна.
Урбаната пермакултура е релативно нова идеја, но дефинитивно не е нова во пракса. Секој кој некогаш одгледувал растение домати или имал мала тревна градина на својот двор или во својата кујна, практикувал урбана пермакултура.
Но, движењето е многу повеќе од едноставно одгледување растенија. Друга цел на урбаната пермакултура е да го ограничи отпадот преку компостирање наместо само фрлање ѓубре. Многу различни работи како лушпи од јајца до остатоци од зеленчук, може да се компостираат, а со тоа се придонесува до помалку отпад на депониите.
Компостот може да се користи за да им помогнат на растенијата да напредуваат. Урбаната пермакултура има за цел да ги трансформира градовите, правејќи ги позелени и поодржливи, давајќи им на жителите можност да се приклучат кон холистички начин на живеење, дури и во големите градови. Помага да се создаде континуиран циклус каде што сè се користи максимално, а ништо не се троши.
Додека повеќето луѓе кога замислуваат одгледување на храна замислуваат рурални сцени како фарми, овоштарници или шуми, урбаната пермакултура го прави сето тоа да изгледа поинаку. Поголемиот дел од луѓето денес живеат во урбани средини и постојат многу техники кои им овозможуваат на луѓето да одгледуваат храна на пермакултурен начин, во урбани и приградски области.
Идеи за простор
Секоја градина дизајнирана со принципи на пермакултура, што емулира обрасци од природата, по дефиниција, е градина за пермакултура. Она што треба да го одлучите на самиот почеток е степенот на вметнување на принципите на пермакултурата во дизајнот на градината. Првиот чекор е да пронајдете соодветен простор. Ако живеете во град, вашиот простор веројатно е помал, што значи дека треба да ги земете предвид сите методи за максимизирање на продуктивниот простор за да одгледувате што е можно повеќе храна. За среќа, постојат многу различни опции:
Градинарство во саксиии
Многу јадења имаат спори навики за раст што им овозможуваат да се „прелеваат“ преку работ на саксиите. Овој тип на градина е одличен за балкони и тремови. Јагодите, доматите, ротквиците и лутите пиперки успеваат во саксии, но исто така можете да пробате и друго овошје и зеленчук.
Вертикално садење
Вертикалната градина е идеална за мали простори и ви овозможува да го искористите ѕидниот простор за одгледување на овошје и зеленчук. Кога ќе поставите вертикален систем на саксии запомнете да се осигурате дека имате сигурни прицврстувачки кои ќе бидат доволно силни за да ја издржат тежината на саксиите.
Градини покрај прозорите
Прозорските градини може да се создадат со стратешко поставување на саксии на различни страни од вашиот дом за да се одгледуваат растенија и толерантни на сенка и на сонце. Ако садите билки и ги користите кујнските прозорци, ќе имате лесен пристап до некои од вашите омилени зачини кога готвите, како рузмарин, коријандер или босилек.
Градина на покрив
Ако живеете во станбена зграда, покривот може да биде идеален простор за одгледување на храна. Се разбира, ќе треба вашите соседи да се согласат да го претворат дел или целиот простор во систем за урбана пермакултура. Во овој случај дренажата е задолжителна, а структурата на зградата мора да биде доволно силна за да ја задржи дополнителната тежина.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.