Културата на постојано фрлање доаѓа со високи трошоци. Бескрајниот апетит да се консумира и да се фрли, само за повторно да се консумира, не само што е скап на долг рок, туку и ја исцрпува Земјата од ресурсите. Затоа е потреба да се инвестира во eco-friendly производи кои не ја загадуваат планетата.
Презаситеноста од евтини производи за еднократна употреба може да биде погодна за крајниот корисник (а, се разбира од огромна корист на корпорациите). Сепак, за да се избегне уништување на планетата има многу долготрајни производи кои служат како замена на оние за еднократна употреба и со тоа да се спречи трендот на фрлање.
Во продолжение, 5 eco-friendly производи кои се долгорочни и имаат повеќекратна употреба:
Eco-friendly восочни обвивки (изработени од пчелин восок)
Наместо пластична обвивка за еднократна употреба, пчелината восочна обвивка може да се користи дури до една година. Направена со мешавина од пчелин восок и памук, оваа обвивка се прилагодува на било која форма – чинии, овошје, сендвичи, коцка сирење итн. Овие обвивки се достапни во повеќе големини, а исто така и лесно се чистат – едноставно исплакнете ги со ладна вода и темелно исушете ги пред повторна употреба.
Батерии за полнење
Квалитетните батерии за полнење може да имаат повисока цена од стандардните батерии за еднократна употреба, но тие се долгорочни и можат да се полнат стотици пати, правејќи ги добра инвестиција.
Шишиња за вода од не’рѓосувачки челик
Пластичните шишиња за еднократна употреба се едни од најголемите загадувачи на животната средина. Овој проблем би можел драстично да се намали доколку секое лице се одлучи да користи шишиња (или термоси) за повеќекратна употреба.
Шишињата од нерѓосувачки челик може да траат многу доло, а исто така може да ги држат вашите пијалоци ладни подолго време.
Бамбусови крпи
Додека свеста за еколошките проблеми кои ги предизвикува пластиката за еднократна употреба расте, помалку влијание се обрнува на катастрофалното влијание што производството на хартија го има на планетата. Помеѓу уништувањето на шумите, загадувањето на воздухот, водата и почвата и огромната количина на енергија потребна за производство, производството на хартија е навистина штетна индустрија.
Одржлива алтернатива се тешките бамбусови крпи кои се направени од сертифициран органски бамбусов памук и може да се мијат и повторно да се користат повеќе од 120 пати. Тие се многу пољубезни за планетата бидејќи дрвјата од бамбус се одржлив, обновлив ресурс и најбрзо растечко растение во светот.
Стаклени садови
Стаклените садови за складирање храна и остатоци се одлична замена за пластиката. Направени од силика, сода и варовник, овие контејнери се безбедни во замрзнувач, микробранова печка, машина за садови и во рерна и ќе траат цел живот ако ги чувате правилно.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.