Практикување на начин на живот со нула отпад значи намалување на количината на отпад што ја создаваме на индивидуално ниво со цел да се минимизира влијанието на конзумеризмот врз животната средина.
Живеење со „нула отпад“ вклучува преиспитување на животниот циклус на производите што ги користиме – како е направен, од кои материјали е направен, како се пакува и транспортира, колку долго ќе трае и како се отстранува. Начинот на размислување за нула отпад поттикнува поголема свест за ограничените ресурси на Земјата, истовремено нагласувајќи ја совесната потрошувачка.
Не бидете уште еден потрошувач. Во продолжение прочитајте ја нашата листа на замени што промовираат помалку ѓубре и повеќе корисност во производите што ги користиме.
1. Пластични четка за заби
На пластичните четки за заби им треба некаде некаде од 450 до 1.000 години за да се разградат. Тоа значи дека секоја пластична четка за заби што некогаш била направена од нејзиниот пронајдок во 1930-тите, сè уште може да се најде на депонија.
Просечениот човек фрла 4 четки за заби годишно и 300 четки за заби во текот на својот животен век. Можете да го намалите пластичниот отпад со тоа што ќе изберете четки за заби од бамбус, многу поодржлива опција. Рачките се силни и се целосно биоразградливи.
2. Пластични сламки
Користењето на пластична сламка можеби изгледа како мала работа, но количината на создаден отпад од нив е запрепастувачка. Иако се мали по големина, сламките се еден од најлошите загадувачи кога станува збор за загадувањето на океаните, за што сведочи видеото снимено во 2015 година од морска желка со сламка болно заглавена во ноздрата.
Иако не би требало да биде премногу тешко да се каже „не“ на сламка, постојат и алтернативни видови на цевки како, хартиени, стаклени или метални кои може да ги користите без грижа на совест.
3. Памукчиња за отстранување шминка
Памукчињата за отстранување шминка за еднократна употреба, како што кажува и самото име се направени од памук еден од најнеодржливите непрехрабени растенија во светот. Одгледувањето памук придонесува за недостиг на вода, ерозија на почвата и контаминација на екосистемот и притоа има голема употреба на пестициди и хемикалии.
Секако постојат алтернативи, како бамбусови туфери кои можат да се користат повеќе пати и истовремено се добри за планетата и се доволно меки и нежни за вашето лице.
4. Конец за заби
Чистењето на забите со конец има многу придобивки, но најчесто тој е направен од најлонски конец кој доаѓа во пластична опаковка кои не можат да се рециклираат.
Исто и за конецот за заби постојат органски алтернативи како, конци направени од биоразградлива свила, обложени со восок од канделила кои наместо во платични доаѓаат во стаклени диспензери и можат да се надополнуваат.
5. Пластични шишиња
Иако пластичните шишиња со вода лесно се рециклираат, само мал дел од нив навистина се рециклираат, останатиот повторно завршува на депониите. Бидете промената што сакате да ја видите со инвестирање во шише за повеќекратна употреба.
6. Торби за пазарење
Секоја година во светот се произведуваат пет трилиони пластични кеси – а сепак помалку од 1% се рециклира. Тоа значи дека практично секоја пластична кеса некогаш создадена ќе остане на Земјата навистина, навистина долго време.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.