Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    сабота, мај 17
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Глобална свесност»14 совети да го направите вашиот дом eco-friendly
    Глобална свесност

    14 совети да го направите вашиот дом eco-friendly

    omnia.mkBy omnia.mk15/03/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    eco-friendly идеи за дома
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Не сите методи за намалување на јаглеродниот отпечаток во домот мора да бараат огромни количини на време, пари и напор. Овие едноставни eco-friendly идеи за позелен дом се лесни, евтини, па дури и забавни. Со само неколку едноставни прилагодувања, можете да го претворите вашиот дом од дом што троши енергија во дом што заштедува. 

    Иако е невозможно еден човек да ја спаси нашата скапоцена Земја, ако секој граѓанин на оваа планета го направи својот дел, можеме да оставиме подобар дом за идните генерации да наследат.

    1. Исклучете ги светлата

    Изгледа едноставно, но многу често забораваме да ги исклучиме светлата кога не сме во просторијата. Со тоа заштедувате енергија и поретко ќе ги заменувате светилките. 

    2. Затворете ги прозорците и спуштете ги ролетните во лето

    Ова е особено важно за најсончевата страна од вашиот дом. Со затворање на прозорците и спуштање на ролетните ги намалувате трошоците за ладење. 

    3. Кренете ги ролетните или отворете ги завесите преку ден во зима

    Со тоа што и дозволувате на светлината да влезе и да го загрее и осветли вашиот дом може да заштедите до 10% од енергијата што се користи за загревање на станбени простории. 

    4. Префрлете се на соларна енергија

    Искористете ја моќта на сонцето за вашиот дом, дури и со еден соларен панел може значително да ја намалите потрошувачката на енергија. 

    5. Чувајте растенија во вашиот дом

    Растенијата не само што го чистат воздухот, туку и го подобруваат расположението. Истовремено го оживуваат просторот и може да придонесат за декорот во вашиот дом. Купете растенија кои особено придонесуваат за чистење на воздухот како сансеверија, спатифилум или „женска среќа“, палми итн. 

    6. Користете етерични масла со дифузер

    Префрлете се од груби аеросолни мириси на есенцијални масла или други нетоксични мириси. 

    7. Поставете подебели килими на дрвените подови

    Изолирањето на голите дрвени подови (паркет, ламинат) со мек килим може во голема мера да ви заштеди енергија, дури до 4-6% од енергијата што претходно сте ја трошеле за загревање на вашиот дом. 

    8. Исклучете ја водата дур миете заби

    Едноставно вклучете ја водата додека ги миете забите и вклучете ја повторно кога ќе треба да ја исплакнете устата. 

    9. Ограничете го времето за туширање

    Иако 30 минутното туширање е прекрасно, тоа треба да се третира како луксуз. Обидете се да се туширате максимум 10 минути. 

    10. Собирајте дождовница

    Поставете шишиња на терасите или под олуците (доколку ги имате) за да соберете дождовница која потоа може да ја користите во градината или да ги наводнувате вашите растенија. 

    11. Исклучете ги апаратите од струја

    Дури и апаратите кои не се користат може да цицаат енергија и да ви ја зголемат сметката за струја. Исклучете ги апаратите како што се телевизорот, микробрановата печка и компјутерот во текот на денот кога никој не е дома или пред патувања надвор од градот.

    12. Не ја држете отворена вратата од фрижидерот долго време

    Отворањето на вратата од фрижидерот додека размислувате што ќе јадете е фантастичен начин да го ослободите целиот ладен воздух што го создал вашиот фрижидер. Одлучете што сакате да јадете пред да го отворите фрижидерот.

    13. Не купувајте пластична фолија за еднократна употреба:

    Иако пластичната обвивка делува како корисен начин за зачувување на остатоците на храна, откако ќе се искористи таа завршува во преполни депонии и може да поминат стотици години пред да се распадне. Изберете еколошки алтернативи како восочни обвивки и стаклени садови за да ја одржувате вашата храна посвежа подолго време.

    14. Компостирајте го кујнскиот отпад

    Над половина од ѓубрето произведено во домот се состои од отпадоци од храна. Инвестирајте во корпа за компост за да го направите овој отпад корисен за вас со тоа што ќе го претворите во ѓубриво за вашиот двор или градина. Истражете што може да се компостира за подоцнежна употреба.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    еco-friendly еколошки идеи за домот зачување на енергија
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleТајната на среќата: Будистички начин
    Next Article Зошто на секој му треба малку авантура во животот?
    omnia.mk

    Related Posts

    Ефектите на урбанизацијата врз природните ресурси: Како брзата урбанизација во Македонија влијае врз водата и шумите

    12/08/2024

    Оддржлива мода: Како да создадете eco-friendly гардероба? (практични совети)

    17/07/2024

    Што е урбана пермакултура? Како и зошто треба да го прифатите овој концепт

    05/07/2023

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.