Животот е полн со препреки, разочарувања и фрустрации. Но, да научите да се справувате со нив и да не дозволувате да ви го уништат денот или неделата, е од суштинско значење за вашата благосостојба.
Што и да се случува во вашиот живот во моментов, запомнете, доаѓаат подобри денови. Треба само да пронајдете пат низ сивото небо. Без разлика дали тоа е со пишување дневник, средба со пријатели или користење на овие позитивни цитати, ќе го најдете зракот сончева светлина што го барате.
“Позитивното размислување е повеќе од само реченица. Тоа го менува начинот на кој се однесуваме. И јас цврство верувам дека кога сум позитивен, тоа не само што ме прави подобар, туку ги прави подобри и оние околу мене“
Харви Мекеј
„Ја привлекувате енергијата што ја испуштате. Ширете позитивни вибрации. Размислувајте позитивно. Уживајте во животот“.
Непознат
„Секој ден има 1.440 минути. Тоа значи дека имаме 1.440 дневни можности за позитивно влијание“.
Лес Браун
„Можеме да внесеме повеќе позитивна енергија во секојдневниот живот така што ќе се смееме повеќе, ќе разговараме со непознати, ќе ги замениме ракувањата со прегратките и ќе им се јавиме на пријателите само да им кажеме дека ги сакаме“.
Брендон Џенер
„Заспијте ги мислите. Не дозволувајте да фрлат сенка врз месечината на вашето срце. Ослободете се од размислувањето“.
Руми
„Оптимизмот е магнет за среќа. Ако останете позитивни, добрите работи и добрите луѓе ќе ги привлечете кон вас“.
Мери Лу Ретон
„Кога сте радосни, кога велите „да“ на животот и се забавувате и проектирате позитивност насекаде околу вас, станувате сонце во центарот на секое соѕвездие, а луѓето сакаат да бидат во ваша близина“.
Шенон Л. Адлер
„Не можете да ги запрете брановите, но можете да научите да пливате“.
Џон Кабат Зин
„Бидете толку убава и позитивна душа, што луѓето ќе посакуваат да се во близина на вашите вибрации“.
Непознат
„Размислувајте позитивно, чувствувајте се позитивно и позитивни работи ќе се случуваат“.
Непознат
„Среќата е единственото нешто што се множи кога ќе ја споделите“.
Алберт Швајцер
„Кога сте во мир, привлекувате позитивна енергија“.
Сен
„Откако ќе ги замените негативните мисли со позитивни, ќе почнете да имате позитивни резултати“.
Вили Нелсон
„Секогаш зрачете позитивни вибрации. Разбудете се и дочекајте го денот полн со ентузијазам и живот“.
Непознат
„Треба да го исчистите умот од сите лоши вибрации. Наместо тоа, нека течат добри вибрации“.
Непознат
„Борбата во која се наоѓате денес ја развива силата што ви треба утре“.
Роберт Тју
„Кога дуваат ветровите на промените, некои луѓе градат ѕидови, други градат ветерници“.
Кинеска поговорка
„Добра вибрација е состојба на умот“.
Непознато
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.