Нарцизмот е многу комплексен и постои во многу нијанси, од екстра-здраво его до патолошка состојба. Нарцизам е всушност маска за длабоко вкоренето чувство на срам што можеби не ни сфаќате дека постои.
Еве што треба да знаете за 10-те најчести нарцисоидни особини.
Сакаат да бидат во центарот на вниманието
Нарцисите сакаат да доминираат во разговорите. Тие се чувствуваат принудени да зборуваат за себе и да ги преувеличуваат своите достигнувања.
Тие ги разубавуваат приказните, испревртувајќи ги за да ја импресионираат публиката. Може да се претставуваат како најдобриот советник на шефот, најфлексибилниот јогин во групата или најпопуларниот сосед во зградата.
Измислувањето или разубавувањето на достигнувањата е еден од знаците на нарцисоидно растројство на личноста. Тие измислици лесно се оправдуваат бидејќи малите бели лаги ви помагаат да раскажете подобра приказна. Но, тие служат за да прикажат идеализирана верзија од себе што ќе ги оддалечи од стравот дека не се доволно добри.
Имаат навика да даваат непобаран совет
Нарцисите секогаш сакаат да споделат некоја мудрост или да препорачаат некое место. Со тоа ја користат можноста да го покажат нивното супериорно знаење.
Нарцисите секогаш мислат дека знаат повеќе од сите. Изгледаат како да ги имаат информациите за сè. Со тоа што се однесуваат супериорно, го зајакнуваат чувството за себе, на сметка на оние на кои наводно им помааат.
Мразат да чекаат во ред
Нарицисите мразат да чекаат во ред и згора на тоа се фрустрираат ако некој веднаш не им одогови на порака или повик. Тие на одредено ниво, чувствуваат дека заслужуваат посебен третман, без разлика дали станува збор за пријателите, партнерот или семејството.
Потребите на нарцисот мора да се задоволат веднаш. Без разлика дали се свесни за тоа или не, тие го живеат својот живот со чувство дека секогаш се во право и очекуваат светот да се врти околу нив.
Нивната амбиција не познава граници
Да работите напорно за да успеете е сосема во ред, но да мислите дека сте предодредени за успех е друго. Тој тип на претпоставка е класичен симптом на нарцизам. Нарцисистите веруваат дека се природно уникатни и дел од елитната класа која го заслужува само најдоброто. Тие фантазираат колку ќе бидат помоќни, поубави, побогати.
Тие исто така претпочитаат да се дружат со други луѓе со „висок статус“. Нарцисите може да се опседнат со статусни симболи (од чевли до автомобили) па дури и да омаловажуваат некој што не го сметаат за дел од истиот ексклузивен клуб.
Потребата да им се восхитуваат или добиваат посебен третман од нивните врсници може да влијае на тие чувства на супериорност над другите.
Знаат како да го вклучат шармот
Имаат посебна вештина да направат другите луѓе да се чувствуваат важни. Врските често им се движат брзо, како опојни, виорни романси во романите.
Целото восхитување кое нарцисите им го поклонуваат на другата личност е бидејќи тие очекуваат другата личност да направи да се чувстуваат исто толку привлечни и интелигентни.
Сакаат да се натпреваруваат
Во светогледот на нарциот, има победници и губитници.. А нарцисот мора да победи практично во секој домен – на тениско игралиште, во канцеларија и дома. Тие мора да се наметнат да бидат супериорни во однос на некој друг.
Противникот може да биде странец или некој што го сакаат. Во немилосрдната потрага да ја докажат својата доминација, тој компулсивен нагон да излезат на врвот го отежнува славењето на туѓите успеси.
Земете ја како пример прекрасната нова куќа на пријател од факултет. На нарцисите тоа нема да им се допадне затоа што во тој момент некој друг е „победникот“.
Познати се по тоа што држат лутина
Нарцисите најчесто изгледаат многу самоуверени – тип на личност на која не му е грижа што мислат другите луѓе. Но, тие длабоко се грижат за одржување на нивната идеализирана слика за себе и имаат проблем да толерираат каков било вид неодобрување или навреда.
Нарцисите може да гледаат на другите кои се како нив дека се самоуверени (наспроти егоистичните). Кога ќе се почувствуваат омаловажено или напуштено, не го преболуваат тоа. Наместо да се справуваат со своите повредени чувства, тие се лутат и бараат одмазда во една или друга форма.
Никогаш не е нивна вина
Дали ги прифаќаат нивните грешки? Дали се извинуваат за нив и се обидуваат да ги поправат? Или веднаш го превртуваат сценариото и кажуват работи како: „Поради тоа што ме третиравте (така) јас го направив (тоа и тоа), директно обвинувајќи ги другите?
Доколку, да тогаш станува збор за нарцисоидна личност. Недостатокот на емпатија е уште една карактеристика кај луѓето со нарцисоидно растројство на личноста. Нарцисите одбиваат да одговараат за своите грешки и лошо однесување и наместо тоа ја префрлаат вината на некој друг. Дури и во нивните блиски лични односи, нарцисистите веруваат дека секогаш има победник и губитник и тие ќе направат се што е потребно за да победат.
Ги искористуваат луѓето
Слично на тоа, тие ги искорисутваат луѓето, можеби не намерно, но се случува затоа што ги гледаат ситуациите од аспект на тоа што тие значат само за нив. Причината за тоа е повторно недостик на емпатија.
Неможноста да го согледаат емотивниот свет на другите е камен-темелник на нарцизмот. Нарцисите очекуваат другите да се вртат околу нивните потреби, но тие одбиваат да го сторат истото за некој друг.
Тоа значи дека за да го добијат она што го сакаат, не се плашат да манипулираат или малтретираат кој и да им е на патот. Затоа што, на крајот, секогаш се работи за нив.
Имаат потреба од високи нивоа на самопочит и самодоверба
Нарцисите сакаат да ја задоволат својата потреба за она што се нарекува нарцисоидно снабдување. Тоа се состои од внимание и идеален живот измешан со возбуда и вознемиреност.
Дополнително, како што индивидуите со зависност може да се чувствуваат недопирливи или на врвот на светот додека искусуваат нешто по што копнеат, нарцисите сакаат да го споделат истото чувство на грандиозност.
Без тие аспекти, нарцисите може да се распаднат. Тие можат да се вклучат во опасно живеење, непромислено однесување или злоупотреба на супстанции.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.