Кус кус со печурки и спанаќ

Ова е едно од оние јадења што можат да се подготват без многу мака, а сепак да е вкусно и здраво. Добро одговара кога сакате нешто лесно, но малку поразлично од вообичаеното.

Потребни состојки

400гр. печурки (свежи шампињони)
400гр. кус кус
1 кромид
1 чешне лук
сол и бибер
½ лажичка црвен пипер
90гр. спанаќ
2 лажици бадемово млеко
сок од 1 лимон
кора од лимон
2 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Сварете го кус кусот според упатствата на кутијата.
  2. Во меѓувреме на тивок оган со маслиново масло, ставете ги печурките додека не заруменат и тргнете ги на страна.
  3. Пропржете го кромидот на тивок оган и додајте ги зачините. Додајте го и лукот и пржете уште 2 – 3 минути, а потоа додајте го и спанаќот додека не омекне.  
  4. Печурките, претходно сварениот кус кус, бадемовото млеко и сокот од лимон исто така ставете ги во садот каде што е спанаќот. Убаво промешајте и изрендајте сосема малку кора од еден лимон.
  5. Оставете го јадењето уште неколку минути на тивок оган. Потоа тргнете го кус кусот со печурки и спанаќ од оган и послужете.

Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.