Палента со печурки и спанаќ

Палентата со пржени печурки и спанаќ е едноставно јадење со богат, домашен вкус. Се подготвува лесно и е одличен избор кога сакате топол и заситен оброк.

Потребни состојки

150гр. палента
200мл кокосово млеко
300мл вода
сончогледово масло
1 кромид
200гр. печурки
2 главици лук
2 лажици соја сос
60гр. спанаќ 
Начин на подготовка: 
  1. Ставете ја водата да зоврие и додајте го кокосовото млеко. Потоа додадете ја палентата со постојано мешање за да не се створат грутки. Варете неколку минути додека не згусне. 
  2. Во тава на тивок оган додајте масло и пропржете го ситно сецканиот кромид и лук, додајте ги печурките додека не поруменат. Потоа додајте го спанаќот, пропржете уште неколку минути додека не омекне убаво. 
  3. Сервирајте ја палентата заедно со печурките и спанаќот. 
Voilà! Bon appétit!

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.