Муџадара (леќа + ориз)

Муџадара е традиционално јадење од Блискиот Исток со леќа, ориз и пржен кромид. Се подготвува лесно, а вкусот е топол и богат – одличен избор за ручек или вечера.

Потребни состојки 

470гр. зеленчукова супа
90гр. басмати ориз
90гр. кафена леќа
малку свежо нане
1 лажичка маслиново масло
1 кромид (половина исецкан на коцки, половина исецкан на ленти)
4 чешниња лук
малку ким
малку цимет

Начин на подготовка

  1. Во сад на оган на средна температура додајте малку маслиново масло. Додајте го исецканиот кромид и лук. Пропржете неколку минути додека кромидот не омекне.
  2. Додадете го кимот и циметот и мешајте додека не замириса, околу 15тина секунди. Додајте ја супата од зеленчук, оризот и леќата.
  3. Покријте го садот и оставете да се вари околу 30-40 минути.
  4. Додека леќата и оризот се варат, на тавче на оган ставете го преостанатиот кромид исецкан на ленти. Пропржете го околу 5 минути додека не добие светло кафена боја. Додајте 1 лажичка маслиново масло и продолжете да го пржите кромидот уште 15тина минути на намалена температура, повремено мешајќи го додека не зарумени и почне да крцка.
  5. Проверете ја леќата и оризот. Ако супата е апсорбирана, тогаш тргнете ја муџадара од оган. Доколу супата сè уште не е апсорбирана оставете ја да проврие уште 5-10 минути. Кога ќе биде готова оставете ја да отстои околу 5 минути.
  6. Послужете ја леќата и оризот со крцкавиот кромид и свежо нане.

Voilà! Bon appétit!

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

Топ статии оваа недела

Рецепти

Вести од

Не се пронајдени резултати од пребарувањето.