Кога немате многу време, а сакате да подготвите нешто вкусно и здраво, овој рецепт е вистински погодок. Не секогаш имаме време за готвење со саати, но тоа не значи дека треба да се откажеме од добар оброк. Ова е едно од оние јадења што се прави без многу мака, а ќе ве изненади со вкусот.
Потребни состојки
За тестенините:
- 180гр. тестенини (conchiglie)
За леќата во сос:
- 1 мала главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 лажица маслиново масло
- 150 г варена леќа
- 4 лажици доматно пире
- 1 лажичка црвен пипер
- Сол и црн бибер (по вкус)
За јогурт сосот:
- 1 чаша грчки јогурт
- 2 чешниња лук
- 1 лажица свежо цеден лимон
- Свежо или сушено нане
- Сол и црн бибер (по вкус)
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги на страна. Истото направете го и со леќата. Сварете ја исцедете ја и оставете ја на страна.
Во меѓувреме, ситно исечкајте го кромидот и едно чешне лук, па пропржете ги во тава со маслиново масло додека не омекнат. Потоа додајте ја добро измиената и исцедена леќа и продолжете со пржење уште неколку минути, за да се соединат вкусовите. Додајте сол по желба.
Во посебна тава, ставете путер на тава, додајте го доматното пире заедно со црвениот пипер. Оставете да проврие неколку минути, а потоа зачинете со сол и црн бибер по вкус.
За подготовка на сосот од јогурт, исечкајте две чешниња лук и измешајте ги со грчкиот јогурт, свежо цеден лимонов сок, нане, сол и бибер. Мешајте додека не добиете мазна и кремаста структура.
На крај, сервирајте ги тестенините на чинија, одозгора ставете од леќата, прелијте ги со доматен сос, па додајте од јогурт сосот. Јадењето може да се послужи топло или ладно, според ваш вкус.
Voila! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.