Кога немате многу време, но сакате да зготвите нешто здраво и вкусно – оваа супа е одличен избор. Не бара многу состојки, а резултатот е топла чинија што ве храни и расположува. Совршена е и за ручек, и за вечера, па дури и за следниот ден во кутија за на работа.
Потребни состојки:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 главица кромид (сецкан)
- 2 чешниња лук (ситно сецкани)
- рендан свеж ѓумбир
- 5 големи моркови (излупени и сецкани на кругчиња)
- 300 мл кокосово млеко
- 500 мл вода или зеленчуков бујон
- Сол и бибер по вкус
- Сок од ½ лимон (по желба)
Начин на подготовка:
Во тенџере загрејте го маслиновото масло, па додадете го сецканиот кромид и пржете неколку минути додека омекне и стане проѕирен. Потоа додадете го ситно сецканиот лук и ренданиот ѓумбир. Промешајте и оставете да се пржат уште една минута за да се ослободи аромата.
Следно, додадете ги сецканите моркови и измешај сè добро. Прелиј ги со вода или зеленчуков бујон и поклопете го тенџерето. Оставете ја супата да врие на средна температура околу 20 минути, или додека морковите не омекнат целосно.
Кога морковите се зготвени, тргнете го тенџерето од оган и изблендирај ја супата додека не добите кремаста текстура. Додадете го кокосовото млеко, промешај убаво и вратете ја супата на рингла уште неколку минути за да се загрее.
Зачинте со сол и бибер по вкус, а по желба можете да додадете и малку лимон. Сервирај ја супата топла.
Voila! Bon appetit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.