Потребни состојки за веганска супа со лимонова трева и тофу:
- 1 тофу (исечено на парчиња)
- 1/4 чаша тамари
- 2 лажици јаболков оцет
- 1 лажица кокосово масло (или јаворов сируп)
- 1/3 чаша вода
- 3 чешниња лук (сецкани или ситно мелени)
- 1 лажиче маслиново масло
- 2 млади кромитчиња (бели делови дијагонално сецкани на парчиња, зелени ситно сецкани)
- 1 1/2 лажиче кари паста (или 4 лажички)
- лимонова трева
- 1 литар супа од зеленчук
- 3 стебленца целер (тенки исечени на дијагонала)
- нудли (или некаков вид тестенини)
- 50гр, нелупен грашок (грубо сецкан)
- 75гр. сецкани домати
- 80гр. бебешки спанаќ (или зелена по ваш избор, како бок чој, ју чој или сенф зелена)
- 1 зелен лимон (исцеден)
Потребно време за подготовка на ова јадење е 2 часа.
Начин на подготовка
За тофу
Измешајте тамари, јаболков оцет, масло од кокос, вода и лук. Потопете го исеченото тофу во маринадата и оставете го да отстои во фрижидер најмалку еден час. Испржете го тофуто на маслиново масло дур не порумени од секоја страна. Користете малку од маринадата додека готвите за да добиете посилен вкус.
За супата
Ставете ги нудлите кратко да се варат и потоа исцедете ги. Во засебно тенџере ставете ја супата да се вари. Загрејте посебно тенџере на средна топлина. Додате масло и испржете го кромидот. Додадете ја кари пастата, лимоновата трева и пржете дур не го почувствувате убавиот мисир. Можеби ќе треба да додадете малку од супата за да се раствори пастата. Додадете го остатокот од супата и почекајте да зоврие. Додадете го целерот и варете околу 3-5 минути, додека не омекне. Додадете ги нудлите во тенџерето и варете уште 3-4 минути. Додадете грашок и сечкани домати и промешајте, варете уште 2-3 минути. На крај додајте го спанаќ додека не овенат листовите.
Тргнете ја од оган супата и послужете со половина сок од зелен лимон во секој сад. Одозгора ставете го маринираното пржено тофу.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.