Најголемиот проблем со кој се соочуваат повеќето луѓе кои преферираат вегетаријанска или веганска исхрана е каде да најдат добри растителни извори на протеини?
Можеби негде сте слушнале дека е тешко или дури невозможно да внесете доволна количина на протеини од растенија, но тоа е мит.
Вистина е дека месото ги содржи сите есенцијални аминокиселини што му се потребни на вашето тело за да биде здраво, но исто така вистина е дека растенијата ги нудат истите есенцијални хранливи материи. Во продолжение ви нудиме повеќе извори на протеини од растително потекло.
Наут
Наутот е богат со влакна и протеини и како и сите други мешунки е одличен додаток на протеини во секоја исхрана, особено за веганите и вегетаријанците. Само погрижете се да не го јадете сиров бидејќи има токсини и анти-нутриенти кои се намалуваат кога наутот се готви.
Спирулина
Спирулината е бактерија наречена цијанобактериум која расте во вода. Најчесто се нарекува сино-зелена алга. Таа е неверојатен извор на протеини.
Не само што има високо ниво на протеини во, туку е богата со антиоксиданси, витамини и минерали. Многумина ја сметаат за „храна“ со најмногу хранливи материи на планетата.
Исто така е целосен протеин, што значи дека ги содржи сите есенцијални амино киселини што ни се потребни, а сепак е нискокалорична и со малку маснотии.
Леќа
Леќата е евтина, лесна за готвење и неверојатно разновидна. Со неа можете да направите прекрасни веге-бургери кои речиси имаат вкус на месо. Леќата е одлична храна која може да ја јадете доколку сте на диета, бидејќи може да ве држи сити подолго време.
Таа е одлична и за намалување на воспаленијата во телото, кои може да бидат одговорни за многу болести, од цревни гасови до рак.
Тофу
Ако сте вегетаријанец или веган, тогаш тофу е веројатно верен пријател. Можете да го користите за да направите многу различни јадења.
Пржено или печено, тофуто е разновиден растителен протеин. Тоа е лесна храна што може да се користи за да се имитира речиси секое месо или млечно јадење што го сакате.
Црн грав
Црниот грав е уште еден евтин и вкусен начин да внесете малку протеини во вашето тело. Лесни е комбинирање во разни јадења и рецепти.
Како и сите мешунки, црниот грав е полн со влакна, антиоксиданси и други хранливи материи. Она што го одвојува од останатите растителни извори на протеини е што многу истражувања укажуваат дека црниот грав може да доведе до значително намалување на телесните масти.
Семки од тиква
Семиња од тиква се единственото семе кое е алкално, што ви помага да создадете pH рамнотежа во вашето тело.
Имаат неверојатен вкус кога се препечени, но погрижете се да ги натопите пред јадење. Сепак имајте во предвид дека тие може да бидат тешки за дигестивниот систем, особено ако имате цревни проблеми.
Семките од тиква содржат и Л-триптофан, што е истата аминокиселина што ја има и мисирка и која ве тера да дремете после ручек. Има тенденција да ве заспива, па семките од тиква се одлична ужина пред спиење.
Киноа
Киноата стана популарна затоа што е одличен извор на протеини од растително потекло а воедно и е лесно за подготовка и лесно се комбинира со различни јадења и рецепти. Киноата била доста популарна и кај Инките кои ја одгледувале и ја нарекувале „мајка на сите зрна“.
Киноата се смета за „древно зрно“, што е семе кое се подготвува и јаде како зрно. Тоа е исто така целосен протеин и најчесто може да ја најдете во делот за здрава храна во супермаркетите.
Чиа
Чиа е зборот на Маите за сила, а семињата се користат како суперхрана илјадници години. Тие се многу хранливи, полни со влакна и имаат пристојна количина на протеини во нив.
Семето од чиа можете да најдете во делот за здрава храна на повеќето поголеми супермаркети овие денови и одлично одат во рецептите за десерти и смути.
Бадеми
Бадемите се вкусен протеин, кои исто така се високо ценети од лекарите поради нивната способност да го намалат холестеролот. Тие имаат висока содржина на влакна, кои овозможуваат губење на тежината.
Ако сте слушнале дека бадемите имаат висока содржина на масти, не грижете се за тоа. Тие содржат мононезаситени масни киселини, кои се добри масти. Само погрижете се да јадете не повеќе од една мала порција дневно.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.