Пластиката е буквално насекаде околу нас. Таа e ефтина, тешко се уништува и многу разноврсна. Поголемиот дел од пластичниот отпад не се користи повторно и не се рециклира, а експертите веруваат дека 50% од пластиката е еднократна, односно се користи само еднаш пред да се фрли. Зголемената употреба на предмети од пластика резултира со огромни количини отпад, што има штетно влијание врз животната средина. Сепак, луѓето почнуваат свесно да размислуваат за влијанието и последиците од користење на секојдневните предмети од пластика, како четки за заби или цевки и каде завршуваат истите откако ќе бидат „искористени“.
За подигнување на свесноста кај нас, помогнаа и Pandaboo, компанија која се појави минатата година на пазарот и за кратко време станаа добро познати, а можеби и единствени кои ни нудат можност да ги замениме секојдневните или често употребуваните пластични производи со алтернативни еколошки производи кои не ја загадуваат околината. При разговор со нив, ни објаснија дека нивната цел е да се намали употребата на еднократна пластика и истовремено да се подигне еколошката свест кај луѓето, што можеме да потврдиме дека успешно го постигнуваат. Тие велат дека секој од нас има огромно влијание врз природата и дека сите промени започнуваат од самите нас, а ние сосема се согласуваме со нив.
Моментално на нивната палета производи може да најдете бабмусови четки за деца и возрасни, бабусови држачи за четки, сет метални цевки, реупотребливи филтер вреќички за правење растително млеко и туфери за отстранување шминка. Велат дека сакаат нивните купувачи да имаат поголем избор на еко производи кои истовремено ќе ги задоволат нивните потреби и ќе бидат со одличен квалитет и поволна цена, па затоа постојано работат на зголемување на бројот на производите што ги нудат.
Пластични цевки vs метални цевки

Како едни од најголеми виновници за загадувањето, се сметаат пластичните цевки за една употреба. Иако се мали, тие претставуваат голем проблем. Само во САД, дневно се употребуваат петстони милиони цевки. Повеќето пластични цевки не се рециклираат и не се биоразградливи. Што значи дека остануваат онаму каде што ќе ги фрлиме, стотици години. Бидејќи се користат секојдневно или барем доволно често, можеме свесно да направиме промена со тоа што ќе инвестираме да речеме во метални цевки кои секако се направени за подолга употреба.
Пластични четки vs бамбусови четки за заби

Истото се однесува и за четките за заби кои се направени од пластика, што значи дека исто не се биоразградливи и тешко се рециклираат. Како за претстава годишно се фрлаат 23 милијарди четки ширум светот, под претпоставка дека ги заменуваме во просек на секои 3 месеци. Истите тие остануваат на нашата планета, загадувајќи ја почвата и океаните. Од друга страна бамбусот е сосема природен материјал. Тој расте брзо, не му е потребна многу вода ниту пестициди. Па затоа, како материјал за производство има многу понизок јаглероден отпечаток од пластиката.
Одржување на бамбусовите четки за заби
Во врска со грижа за бабмусовите четки и нивното траење од Pandaboo велат дека е препорачано четките да се менуват на секои три до четири месеци, или кога веќе се приметува отшетување на влакненцата. Бидејќи дршките се направени од природен материјал, истите бараат дополнителна грижа, односно чување на суво место,пребришување со крпа по користење. Исто така се препорачуваат користење на бамбусовите држачи кои ги држат четките исправено со што овозможуваат побрзо сушење и цедење на преостаната вода преку малиот отвор на дното на држачите.
Досегашниот пат на Pandaboo покажува сè поголем успех. Тие велат дека преку нивните заложби за поголема достапност на производите, се едуцираат потрошувачите и истовремено се менуваат нивните навики и се зголемува свесноста за околината.
Менувањето на навиките може да биде тешко, но сепак не е невозможно. Се работи за нашата иднина и иднината на планетата Земја. Затоа, секогаш кога имате можност одберете еколошки производи!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.