Нервот вагус е најдолгиот нерв во човековото тело кој започнува од врвот на ’рбетниот мозок и се движи до стомакот. Со современите истражувања се потврдува улогата и далекусежните ефекти при стимулација на nervus vagus. Науката користи машини за стимулирање на овој нерв, а резултатите се привремени во најдобар случај, но техниките кои се користат во јогата за стимулација на овој нерв го искористуваат целиот негов потенцијал.
Каде се наоѓа нервот вагус?
Нервот скитник поаѓа од десетиот мозочен нерв (кранијален нерв). Парасиматичкиот дел од вегетативниот нервен систем се состои од нервни центри сместени во ЦНС, во јадрото на черепниот, продолжениот и крсниот мозок. Од центрите на парасимпатикусот поаѓа нервот скитник кој содржи најголем број нервни влакна. Нервот скитник е најдолг нерв кој поаѓа од вегетативниот центар во меѓу мозокот. Од него се издвојуваат парасимаптичките влакна за инервација на сите органи на вратот, во градната и стомачната празнина, а нервите кои излегуваат од крсниот регион ги стимулираат органите во карлицата.
Нервот скитник нуди поврзување со парасимпатичката контрола на срцето, белите дробови и дигестивниот тракт. Вагусните нерви се во пар, но обично се спомнуваат во еднина.
Нервот скитник исто така има и симпатичка функција преку периферните хеморецептори. Активирањето на периферните хеморецептори првенствено се должи на хипоксемија. Кога се стимулирани овие рецептори пренесуваат импулси низ нервот скитник со цел да овозможат вазоконстриктивен одговор и зголемување на крвниот притисок.
Нервот скитник е одговорен за различни задачи како што се срцебиење, гастроинтестинална перисталтика, потење, и неколку движења на мускулите на устата, вклучувајќи го и говорот (преку рекурентниот ларингеален нерв). Нервот скитник исто така има неколку аферентни влакна кои го снабдуваат внатрешниот (канал) дел на надворешното уво и дел од менингите. Ова објаснува зошто едно лице може да кашла кога нешто го скокотка во увотото, како на пример кога ги чисти ушите со стапчиња за уши.
Влакната на еферентниот вагусен нерв кои го снабдуваат фаринксот и задниот дел на грлото се одговорни за фарингеалниот рефлекс или рефлексот на гадење.
Стимулирање на вагусниот нерв со грлото на матката (како во некои медицински процедури) може да доведзе до вазовагален одговор. Вагусниот нерв исто така игра улога во заситувањето при конзумација на храна.
Стимулација на нервот вагус (vagus)
Има повеќе начини како да се стимулира нервот вагус (vagus). Една од нив, која притоа спаѓа во јога хигиена е миење на лицето со ладна вода. За почеток, доволно е плакнење на лицето, а понатаму можете во сад со ладна вода да го држите лицето до три минути.
Втора техника за стимулација на нервот вагус е земање на поголема голтка ладна вода и зафрлање на главата наназад во стоечка положба. Од оваа положба водата се голтка и со тоа го стимулирате нервот.
Исто така, како стимулација на нервот vagus делува и благ притисок на очните капаци, нежно влечење на јазикот и грицкање издробен мраз.
Придобивки од стимулирање на нервот вагус
Придобивките од стимулирање на нервот скитник се неверојатни. Од релаксирање на телото и умот, до намалување на депресијата и анксиозноста и подобрување на расположението. Исто така го зголемува нашиот имунитет, го зголемува нивото на ендорфин во нашето тело, му помага на мозокот да создава нови клетки и помага во развојот на меморијата.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.