Нашите домови се нашето свето место каде што се повлекуваме и ги „одмараме“ нашите души од надворешниот свет. Меѓутоа тие исто така можат да бидат и место за негативни енергии од претходните сопственици или од самите нас, семејството или пријателите. Сè е енергија. Доброто расположение, лошото расположение, зависностите, вирусите, зборовите, мислите и чувствата создаваат енергија.
Во нашите домови се зголемува енергијата во зависност од начинот на кој што одбираме да ги живееме нашите животи. Ако сакаме дом со висока вибрација треба да медитираме, да ги обавуваме секојдневните активности како чистење, готвење и средување со радост, а интеракциите во домот да бидат изведени на внимателен и мирен начин.
Сепак, никој дом не вибрира секогаш високо. Имаме сметки за плаќање, емоции со кои се справуваме, тешки врски, болести, гости со ниски вибрации итн.
Затоа треба да ги исчистиме негативните и несаканите енергии во околината кои сами сме ги создале, негативната енергија која е проектирана врз нас или негативната енергија која е донесена од друго лице.
Чистењето на енергијата во нашиот дом е исто толку важно, ако не и поважно од обичното чистење на домот. Домот треба да се чисти од енергии најмалку еднаш неделно, ако не и повеќе пати, а особено ако сте се преселиле во нов простор, ако некој е болен или ако има некаков вид на емоционална возмениреност, од која се создава негативна енергија.
Како да го исчистиме домот од непосакуваната енергија?
Белата жалфија – се користи за заштита и прочистување. Таа е одлична за остранување на негативната енергија и емоции од нашите домови и работни простории.
Миризливи стапчиња (инсенси) – сандалово дрво, јасмин, сончоглед, роза се користат за прочистување и заштита. Тие исто така ги зголемуваат вибрациите на нашите енергетски полиња.
Ѕвончиња, звучни чинии, коши ѕвона, гонгови – вибрациите кои произлегуваат од оваа звучна терапија ја „растураат“ стагнацијата на енергијата.
Музика со висока вибрација – мантрата ом значително ќе го расчисти домот од непотребната енергија. Тука спаѓа и секоја музика со ѕвона, тибетски монашки инструменти, и други видови на мантри.
Спреј за чистење на домот – овие може да ги купите или да ги направите сами. Тие треба да се направат со есенцијални масла кои носат спефицични вибрации од цветот. Розата е највисок вибрирачки цвет, а исто така се препорачуваат лавандата, темјанот и пачули.
Ако не го исчистите вашиот дом од овој невидлив слој на токсини, може да влијае на тоа како вие и другите ја гледаат околината околу себе. По чистењето просторот треба да се почувствува обновен и полн со живот. Придобивките може да ги почувствувате веднаш.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.