Дали постојано имате потреба од слатки или можеби не се чувствувате баш најдобро откако ќе јадете? Причината за овие проблеми може да биде нашиот „втор мозок“ или микробиом– армија на микроорганизми кои живеаат во нашиот дигестивен тракт. Овие микроскопски бактерии се борат да ги контролираат нашите наредби кои доаѓаат од стомакот. Но, не зборуваме за потреби предизвикани од чувството на глад.
Разгледувајќи го ова можеме да забележиме интересни шеми:
- здравјето на кожата и појавата на акни може да биде последица од микробиомот (бактериите во дигестивниот тракт создаваат воспаленија кои можат да доведат до појава на акни);
- микробиомот може да влијае на рационалното одлучување;
- чувствата на анксиозност или депресија може да бидат активирани од страна на микробиомот;
- дигестивните бактерии и микробиомот може да влијаат врз желбата за храна (која храна ја сакате, а која не).
Како е ова возможно? Постојат десет пати повеќе бактерии кои живеат во дигестивниот тракт, отколку клетки во целото тело.
Како резултат на тоа, телото прави сојузи и ужива во симбиозна врска со повеќето организми во рамките на вашиот микробиом. Бактериите на дигестивниот тракт помагаат во варењето на храната, па дури и произведуваат важен нутриент, витамин К2 (важен за коските и кардиоваскуларното здравје).
Но, не сите бактерии што ги имаме во дигестивниот тракт се пријателски настроени. Постојат и „лоши“ дигестивни бактерии. Дури и „добрите“ бактерии може да почнат да работат против нас и да станат штетни, при консумирање на антибиотици, стрес, лоши навики во исхраната и други фактори.
Микробиом – поедноставување на науката
Микробиом е збир на сите микроби и микроорганизми кои го населуваат организамот. Постојат уникатни групи на микроорганизми кои живеат во многу различни региони на вашето тело – кожата, устата, дигестивниот систем. Цревниот микробиом ( „микробиота“) е дом на милиони уникатни бактерии. Голем дел од нив се од корист за нашето здравје.
Секако разновидноста е добра. Недостатокот од разновидност на бактериите во дигестивниот тракт може да биде поврзано со здравствени проблеми како иритабилни црева, рак и гојазност.
Здрав микробиом – пробиотици и пребиотици
Пробиотиците се корисни бактерии во стомакот. Пробиотиците може да се најдат во ферментираните јадења како јогурт, кисела зелка и во пијалоците како кефир и комбуха. Корисните бактерии од пробиотиците обезбедуваат бројни здравствени придобивки, вклучувајќи подобар имунитет, подобро варење, бариера против микробиолошките инфекции и многу повеќе.
Пребиотиците се храна што ги хранат микробите кои се веќе во нашето тело. Тие се исто така многу важни бидејќи влијаат на бактериите во нашиот дигестивен систем на начин што би можело да ја подобри нашата благосостојба и здравје. Во суштина, ние им помагаме на бактериите (со хранење) и бактериите ни помагаат нас (со тоа што ќе не заштитат од лошите бактерии).
Пребиотиците се јаглехидрати кои не се дигестираат во тенкото црево. Тие стигнуваат до дебелото црево недопрени, каде што се ферментираат од страна на бактериите кои се наоѓаат таму. Тоа може да ја смени цревната флора на позитивен начин. Некои вообичаени прехрабени продукти кои содржат пребиотички ефекти се бананата, лук, праз и кромид.
Како ни влијае микробиомот?
Се сеќавате како погоре го нарековме „втор мозок“ ? Врската помеѓу дигестивниот систем и мозокот е двонасочна линија на комуникација во рамките на вашето тело.
Кога стомачните бактерии се во дисбаланс, сигналите кои ги пренесуваат назад до мозокот може да предизвикаат или да ја влошат состојбата на анксиозност, лошо расположение или депресија.
Цревната дисбиоза опишува што се случува кога има дисбаланс на стомачните бактерии кои ги фаворизираат патогените (потенцијално штетни) микроорганизми. Овој вид нерамнотежа е поврзан со голем број проблеми, вклучувајќи дигестивни нарушувања, како што се болести на дебелото црево, улцеративен колитис и Кронова болест. Тие може да се манифестираат на многу различни начини, од постојана абдоминална болка, дијареа, замор или губење на тежината. Некои проблеми со кожата, како розацеа, може да бидат поврзани со дигестивниот систем.
Додека тековните истражувања сè уште се запознаваат со многуте улоги што стомачните бактерии ги играат во нашиот организам, сепак има некои работи кои се познати .
Како вашето тело ги обработува калориите и хранливите материи
Стомачните бактерии влијаат на она што може да го искористите од храната која ја консумирате, како во однос на вкупниот број на апсорбирани калории, така и на хранливите состојки што ги внесувате, па дури и во одредување на количеството храна што сакате да го внесете.
Постојат голем број на комплексни механизми кои го овозможуваат тоа. Пример, цревните бактерии ги разложуваат претходно несварените јаглехидрати наречени полисахариди на помали делови познати како масни киселини со краток синџир. Кога масните клетки во телото чувствуваат зголемување на овие масни киселини со краток синџир, тие ослободуваат хормон наречен лептин, кој во суштина испраќа сигнал до мозокот кој вели „Ние сме најадени, благодариме“ и ова е одлична наредба. Но, ако телото не ослободува доволно масни киселини со краток синџир, поради нерамнотежа на микробиомот, тогаш може да се случи спротивното и да постојано да се чувствувате ненајадени.
Ова е дел од причината зошто се смета дека постои силна врска меѓу состојбата на цревата и дебелината. Меѓутоа, мора да се напомене дека микробиомот не е единствениот фактор кој влијае на телесната тежина. Исхраната и вежбањето исто така влијаат врз здравјето и врз бактериите во вашиот организам.
Каква храна сакате да јадете
Додека повеќето луѓе ја поврзуваат жебата за храна со волјата (што во повеќе наврати е докажано како неточно) постојат индикации дека стомачната бактерија може да не „манипулира како микроскопски кукли“ за да го добие тоа што го сака.
Постои внатрешна битка во микробиомот, каде што различните бактерии во дигестивениот систем постојано се натпреваруваат за ресурси (храна). Овие бактерии можат да создадат желби за одредена храна или да генерираат чувства на незадоволство (расположение) што може да се ублажи со консумирање на храната што им е од полза. Тоа може да биде добро или лошо. Вашето тело може да ви каже јадете повеќе протеини или може да има желби за бескрајни количини на шеќер. Постојат четири главни механизми кои играат улога во оваа тековна битка:
- Микробите (терминот со кој се означуваат бактериите во стомакот) можат да ги сменат рецепторите за вкус, со што ќе го подобрат вкусот на одредена храна.
- .Микробите може да ослободат токсини кои негативно влијаат на расположението, што може да ве натера да сакате да јадете повеќе.
- .Микробите можат да влијаат врз тоа кој вид на храна ја сметате како награда (тоа се случува кога се влијае на важен дел од ендокриниот систем познат како хипоталамус – хипофиза – надбубрежна оска).
- Микробите може да го „киднапираат“ нервот скитник (vagus nerve) кој е главен сигнален пат во целото тело.
Имунолошкиот систем
Стомачни бактерии може да му помогнат на имунолошкиот систем преку спречување на потенцијално штетни патогени да влезат во дигестивниот систем. „Добрите“ бактерии нема да им дозволат на „лошите“ бактерии да го уништат вашиот дигестивен тракт. Ова помага во заштита на цревата од воспаление и спречува патогените бактерии да формираат колонии.
Што е добро а што лошо за здравјето на вашиот дигестивен тракт ?
Развојот на бактериите во стомакот започнува со нашето раѓање и продолжува да се развива во текот на целиот наш живот. Некои од работите што можат негативно да влијаат врз микробната разновидност во стомакот вклучуваат:
Антибиотици. Тие можат да бидат спасувачки лекови и некогаш е неопходно да се употребуваат. Но, антибиотиците сепак, неселективно ги убиваат микробите во телото, што може да доведе до нарушување на цревната флора. Затоа, земајте антибиотци само кога навистина ви се потребни и препишани од страна на доктор.
Стрес. Стресот доаѓа во многубројни форми, но во суштина сè што ја нарушува хомеостазата или рамнотежата на организмот е стрес. Тој може да биде психолошки (анксиозност), физички (несоница е физиолошки стрес кој може негативно да влијае на стомачните бактерии) и социјален. Сите овие видови на стрест може да го нарушат составот, разновидноста и бројот на микроорганизми во дигестивниот тракт.
Преработена храна. Исхраната богата со шеќери и масти ги храни патогените бактерии во стомакот. Повременото консумирање на овој вид храна не предизвикува многу штета, но постојаното внесување на шеќери и масти, комбинирано со мал внес на влакна може да предизвика сериозни проблеми.
Како може да го подобрите здравјето на дигестивниот тракт?
Многу едноставни навики кои се добри за телото, се добри и за дигестивниот тракт. Следете ги препораките за оддржување на здрав микробиом:
- Јадете повеќе влакна. Јаглехидатите и влакната се најважни извори на енергија за корисните бактерии кои живеат во дебелото црево. Ферментацијата на јаглехидратите и влакната во дигестивниот систем помага да се намали неговата pH вредност и затоа помага да се ограничат лошите бактерии. Значи, би било добро да консумирате повеќе храна богата со растителни влакна како што се овошјето, зеленчуците, јаткастите плодови, житарки и мешунки.
- Јадете ферментирана храна која содржи пробиотични бактерии како што е јогуртот, ќефирот или киселата зелка.
- Пробајте да спиете од 7 до 9 часа во текот на ноќта.
- Обидете се да го намалите нивото на стрес (полесно е да се каже отколку да се направи, но пробајте да медитирате или да водите емоционален дневник).
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.