Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Астрологија»Мај 2025 – Месец на длабоки пресврти и нови почетоци
    Астрологија

    Мај 2025 – Месец на длабоки пресврти и нови почетоци

    omnia.mkBy omnia.mk04/05/2025Нема коментари10 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    месечен хороскоп мај 2025
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Мај пристигна и не повикува да уживаме во топлината на сезоната на Бикот. Иако во втората половина од месецот не очекуваат некои поинтензивни астролошки случувања, првите недели ни носат можност да уживаме и да го почувствуваме вкусот на животот, без оглед на неговата сложеност.

    Венера, планетата на љубовта, е владетелка на Бик и овој месец ја има главната улога.

    На 4-ти мај, Плутон започнува ретроградно движење во Водолија, а на 12-ти мај, полната месечина во Шкорпија ќе нè потсети на настаните од ноември 2024 година. Овој период ќе биде полн со ослободување од токсични ситуации и луѓе.

    На 17-ти мај, Уран ќе формира редок и моќен сојуз со Сонцето, носејќи ненадејни промени. Веќе на 20-ти мај, Сонцето ќе влезе во знакот Близнаци, разбудувајќи ја нашата љубопитност и желбата за движење.

    Но најголемото астролошко случување овој месец ќе биде на 24-ти мај, кога Сатурн ќе премине во Овен за првпат по 1999 година. Ова ќе биде почеток на нова ера која ќе ги обликува нашите животи во следните неколку години.

    На 26-ти мај, новата месечина во Близнаци ќе биде идеален момент да поставиме намери за личен развој и нови почетоци.

    Хороскоп за мај 2025

    Овен

    Мај ви носи можност да ги следите вашите цели додека уживате во животните задоволства. Сонцето е во вашата втора куќа на финансии и самодоверба, па ќе размислувате како заработката влијае на вашето чувство за вредност.

    Полната месечина на 12-ти мај ќе ви помогне да се ослободите од емоционален товар и да завршите со некои трансформации што траат од ноември минатата година. По 20-ти мај, ќе се разбуди вашата желба за комуникација и учење.

    На 24-ти мај, Сатурн ќе влезе во вашиот знак, што е почеток на нов животен циклус кој ќе бара сериозност и посветеност. Новата месечина на 26-ти мај ќе ви донесе инспирација за нови проекти и ќе биде одлично време да ги запишете вашите идеи.

    Кариера и финансии:

    Околу 17-ти мај, можно е да се појави ненадеен трошок или неочекуван прилив на пари. Проверете ги вашите финансии неколку дена претходно.

    Љубов и односи:

    На почетокот на месецот Венера и Нептун ќе разгорат силна страст. Ако не ја насочите оваа енергија, може да чувствувате немир. Искористете ја за да се поврзете со вашите желби и страсти.

    Бик

    Вашата роденденска сезона оваа година е полна со длабоки емоции и промени. Полната месечина на 12-ти мај ќе донесе можност да се ослободите од токсичните врски и да направите простор за здрави партнерства.

    На 17-ти мај, Сонцето и Уран ќе ве потсетат на сите предизвици со кои се соочувавте од 2017 година. Ова е последниот чекор кон новата фаза во животот. По 20-ти мај, ќе се фокусирате на финансиските цели.

    Сатурн на 24-ти мај ќе влезе во вашата зона на потсвеста, поттикнувајќи ве конечно да се справите со старите рани или трауми. Новата месечина на 26-ти мај е одличен момент за поставување конкретни финансиски цели.

    Кариера и финансии:

    На 26-ти мај, планирајте ги вашите финансиски приоритети и одлучете колку сакате да заработувате во следните шест месеци.

    Љубов и односи:

    По 17-ти мај, ќе почувствувате враќање на енергијата и желбата за љубов и страст. На 22-ти мај, Венера и Марс ќе донесат посебна романтична искра.

    Близнаци

    Месецов започнува мирно, но темпото ќе се забрза како што се приближува вашата роденденска сезона. Сонцето до 20-ти мај ќе биде во вашата зона на интуиција, поттикнувајќи ве да се повлечете и да размислите за минатото.

    На 12-ти мај, полната месечина ќе осветли предизвици поврзани со работата и здравјето. Избегнувајте да преземате премногу обврски во тие денови. По 20-ти мај, кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак, ќе имате повеќе на енергија и јасност.

    На 24-ти мај, Сатурн ќе премине во вашата зона на пријателства, период кога ќе можете да научите важни животни лекции за групните односи и долгорочните сојузи. Новата месечина на 26-ти мај е совршено време да поставите лични цели за следните шест месеци.

    Кариера и финансии:

    На 30-ти мај, може да добиете брилијантна идеја која ќе бара финансиска поддршка за да се реализира.

    Љубов и односи:

    На почетокот на мај, можно е пријател да прерасне во љубовен интерес. Но подгответе се за реални предизвици на крајот од месецот.

    Рак

    Овој месец вашите социјални врски ќе бидат во центарот на вниманието. Сонцето ќе ги нагласи пријателствата и професионалните мрежи, носејќи ви нови можности за соработка.

    На 12-ти мај, полната месечина ќе ја осветли вашата романтична зона. Ќе имате можност да ги пуштите лошите врски или навики што ве ограничуваат. По 20-ти мај, ќе чувствувате потреба за повлекување и одмор.

    Сатурн на 24-ти мај ќе премине во вашата зона на кариера, носејќи нови предизвици и можности да го изградите вашиот професионален статус. Новата месечина на 26-ти мај ќе ве поттикне да поставите цели за менталното и емоционалното здравје.

    Кариера и финансии:

    На почетокот на месецот ќе се појават креативни идеи кои можат да ја трансформираат вашата професионална насока.

    Љубов и односи:

    Полна месечина на 12-ти мај ќе донесе емотивни пресврти во љубовниот живот. Внимавајте на можни недоразбирања или тензии.

    Лав

    Овој мај, Сонцето ќе го осветли вашиот сектор на кариера, носејќи фокус на професионалните достигнувања. Меѓутоа, полната месечина на 12-ти мај ќе бара да го балансирате работниот и приватниот живот.

    По 20-ти мај, ќе се зголеми желбата за дружење и забава. На 24-ти мај, Сатурн ќе влезе во вашата зона на идеи и учење, отворајќи пат за длабоки и сериозни размислувања.

    Кариера и финансии:

    На 17-ти мај, можна е ненадејна промена или нова шанса во кариерата. Внимавајте на можни недоразбирања со колеги.

    Љубов и односи:

    На 4-ти мај, ќе почувствувате олеснување во односите, бидејќи Плутон ќе забави со своето влијание. Ова ќе ви овозможи да се фокусирате на други аспекти од животот.

    Девица

    Месецов ќе ве поттикне да барате нови искуства. Сонцето ќе биде во вашата зона на патувања, учење и проширување на хоризонтите. Ако не можете да патувате, новите идеи ќе ги добиете преку книги или интелектуални разговори.

    На 12-ти мај, полната месечина ќе ви помогне да расчистите недоразбирања во комуникацијата. По 20-ти мај, фокусот ќе се префрли на кариерата.

    Сатурн на 24-ти мај ќе премине во вашата зона на интимност, каде ќе научите важни лекции за емоционалната блискост. Новата месечина на 26-ти мај ќе биде идеална за поставување професионални цели.

    Кариера и финансии:

    Новата месечина ќе ве мотивира да размислите за вашите амбиции и да ги дефинирате чекорите за нивно остварување.

    Љубов и односи:

    На почетокот на месецот, вашата интимна зона ќе биде под влијание на Венера и Нептун. Ќе чувствувате силна желба за страст и емоционална врска.

    Вага

    Овој мај ќе биде полн со задоволства и љубовни вибрации. На почетокот на месецот Венера ќе се спои со Нептун во вашата зона на партнерства, носејќи романтични моменти. Сепак, не заборавајте да останете приземјени.

    До 20-ти мај, Сонцето ќе биде во Бик, нагласувајќи ја потребата за емоционална стабилност и задоволство. Потоа, ќе влезе во Близнаци, отворајќи можности за патувања или нови учења.

    На 24-ти мај, Сатурн ќе премине во вашата зона на партнерства. Овој транзит ќе донесе сериозност и тестирање на врските, но и можност за градење на стабилни односи. Новата месечина на 26-ти мај ќе биде идеално време за планирање патувања или нови образовни проекти.

    Кариера и финансии:

    Полна месечина на 12-ти мај ќе ви помогне да се ослободите од финансиски грижи или одложени проекти што ве оптоварувале.

    Љубов и односи:

    На 17-ти мај, можно е ненадејно сексуално привлекување или страствена авантура. На 22-ти мај, Венера и Марс ќе донесат стабилна, но и возбудлива енергија во вашите односи.

    Шкорпија

    Мај ќе ве поттикне да размислите кои луѓе ги имате во вашиот живот и зошто. Сонцето ќе го осветли секторот на партнерства, а полната месечина на 12-ти мај ќе се случи во вашиот знак. Ова е време за расчистување и пуштање на она што ве ограничува.

    По 20-ти мај, фокусот ќе се префрли на личните трансформации и интимните врски. На 24-ти мај, Сатурн ќе премине во вашата зона на работа и здравје, носејќи нови одговорности и потреба за дисциплина.

    Кариера и финансии:

    На почетокот на месецот можно е да добиете примамлива понуда. Бидете внимателни и проверете ги сите детали пред да прифатите.

    Љубов и односи:

    На 25-ти мај, Меркур ќе влезе во вашата интимна зона, а на 26-ти мај новата месечина ќе ви помогне да ги дефинирате вашите љубовни и интимни цели.

    Стрелец

    Вашиот сектор на работа и здравје ќе биде во фокусот до 20-ти мај. Полна месечина на 12-ти мај ќе открие потиснати емоции или проблеми што треба да се решат.

    По 20-ти мај, вниманието ќе се насочи кон врските. На 24-ти мај, Сатурн ќе премине во вашата зона на љубов и креативност, носејќи предизвици но и можности за создавање стабилни љубовни врски или креативни проекти. Новата месечина на 26-ти мај ќе ви помогне да ги поставите вашите цели за партнерствата.

    Кариера и финансии:

    На 17-ти мај, можно е да дојде до ненадејни промени или можности на работното место.

    Љубов и односи:

    На 25-ти мај, можно е да се појави судбински партнер или да се продлабочи постоечката врска.

    Јарец

    Мај ќе биде месец за уживање и опуштање. Сонцето ќе го осветли вашиот сектор на љубов и креативност. Полна месечина на 12-ти мај ќе открие чувства или проблеми поврзани со пријателите.

    На 24-ти мај, Сатурн ќе ја напушти вашата зона на комуникација и ќе премине во секторот на домот и семејството, носејќи нови предизвици но и можности за стабилност. Новата месечина на 26-ти мај ќе ви помогне да поставите здрави навики и цели за вашето здравје и работа.

    Кариера и финансии:

    На 4-ти мај, Плутон ќе стане ретрограден во вашата финансиска зона, а со тоа и потреба за преиспитување на вашите ставови кон парите.

    Љубов и односи:

    На 17-ти мај, можно е изненадно вљубување или нова романтична можност.

    Водолија

    Првите три недели од мај ќе бидат посветени на домот и семејството. На почетокот на месецот Венера и Нептун ќе ви помогнат полесно да ги изразите чувствата кон блиските.

    Полна месечина на 12-ти мај ќе донесе можни професионални предизвици. По 20-ти мај, Сонцето ќе го осветли вашиот сектор на љубов и забава. На 24-ти мај, Сатурн ќе ја напушти вашата финансиска зона и ќе премине во секторот на комуникација, каде ќе ја усовршите вашата способност за изразување.

    Кариера и финансии:

    На 12-ти мај, избегнувајте конфликт со колеги. Реагирајте смирено ако се појават предизвици.

    Љубов и односи:

    Последните десет дена од мај ќе бидат полни со романса. На 31-ти мај, вашиот шарм ќе биде неодолив.

    Риби

    Мај носи одлична комуникација и важни достигнувања. Сонцето ќе го нагласи вашиот сектор на комуникација и учење. Полна месечина на 12-ти мај ќе ве поттикне да ослободите од стари уверувања што ве ограничуваат.

    На 24-ти мај, Сатурн конечно ќе ја напушти вашата зона, носејќи олеснување по повеќе од две години притисок. Новата месечина на 26-ти мај ќе ви помогне да поставите цели поврзани со домот и семејството.

    Кариера и финансии:

    Со Сатурн и Нептун во вашата финансиска зона, ќе чувствувате потенцијал за напредок, но ќе треба да бидете внимателни и да избегнувате ризични вложувања.

    Љубов и односи:

    На почетокот на месецот Венера и Нептун ќе создадат магичен љубовен момент. Искористете го за романтична вечер или искрен разговор со партнерот.


    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    мај 2025 месец мај месечен хороскоп хороскоп хороскопски знаци
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleТелото како сведок на сè што премолчуваме
    Next Article „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист
    omnia.mk

    Related Posts

    Месечен хороскоп – септември 2024

    01/09/2024

    Неделен хороскоп од 26-ти до 1-ви септември

    26/08/2024

    Неделен хороскоп од 19-ти до 25-ти август

    19/08/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.