Потребни состојки за еден медитерански сендвич со песто:
- 2 лажички песто
- Чиабата леб
- Малку маслиново масло
- 2 парчиња домати
- Бебе спанаќ
- 3 парчиња моцарела
- 2 белки од јајца
Потребно време за подготовка на ова јадење е 15 минути.
Начин на подготовка на медитерански сендвич со песто
Исечете го чиабата лебот хоризонтално како за сендвич и намачкајте го со песто. Во меѓувреме во тавче на среден оган ставете малку маслиново масло и белките од јајцата да се испржат. Кога ќе бидат готови ставете ги на едната страна од чиабата лебот, додајте ги парчињата домати, парчињата моцарела и малку бебе спанаќ. Затворете го сендвичот со другата страна од чиабата лепчето и убаво притиснете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.