Потребни состојки за супата од печурки
- 1 кромид
- 1кг. печурки (свежи шампињони)
- 10тина стебленца мајчина душица
- коцка за супа
- 1 лажичка брашно
- 240мл млеко (веганско, по избор)
- 1 мала лажичка соја сос
- 1 ловоров лист
- сол и бибер
- лук во прав
Потребно време за подготовка на оваа крем супа од печурки е 55 минути.
Нутритивна вредност: 120 калории
Начин на подготовка
Исечкајте го кромидот и печурките. Во големо тенџере на средна температура пропржете го кромидот малку да омекне. Потоа додадете ги печурките во тенџерето и пропржете уште 5-6 минути. Додадете ја свежата мајчина душица, сол, бибер, лук во прав, ловоровиот лист и соја сосот.
Коцката за супа ставете ја во вода да зоврие и додадете 1 лажица брашно и добро измешајте додека целосно не се соедини. Додадете ја ги претхдно подготвените печурки со зачините во супата и додадете го млекото и оставете да се вари уште 15 минути. Сервирајте ја додека е топла.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.