Квалитетот и должината на животот на човекот многу зависат од начинот и брзината на дишењето. Оној кој дише полека и длабоко ќе има подолг и поквалитетен живот од оној кој дише кратко и брзо. Правилно дишење подразбира осум до дванаесет вдишувања/издишувања во минута и е комбинација на абдоминално и торакално дишење. Со комбинирање на овие два типа на дишење се овозможува вдишување на оптимална количина воздух, а исто така и издишување на максимална количина искористен воздух. Целото движење од стомакот накај градите и од градите накај стомакот треба да биде рамномерно. Ваквиот начин на дишење на кој би требало секој да дише се нарекува, целосно, правилно, идеално или јога дишење.
Повеќето од луѓето не дишат правилно, бидејќи дишат кратко и плитко и на тој начин користат само мал дел од капацитетот на белите дробови. Кога дишењето е кратко и плитко, телото и мозокот гладуваат. Со плиткото дишење исто така се зголемува и количината на застоениот воздух во долните делови на белите дробови, а тоа може да доведе до многу заболувања.
Древните јогинии важноста на бавното јога дишење
Според древните јогини, секој човек има точно одреден број на вдишувања и издишувања во текот на животот. Ако секое вдишување и издишување се направи подолго, тогаш и животот подолго ќе трае. Длабокото јога дишење обезбедува повеќе животна енергија или прана. Првобитните јогините живееле во шуми и во изолирани предели. Тие немале никакви други обврски, па биле во можност до детали да ги проучуваат дивите животни.
Набљудувајќи ги животните забележале дека оние со побавен ритам на дишење, како што се змиите, слоновите и желките, живеат подолго. Од друга страна, животните чиј ритам на дишење е брз, како што се птиците, кучињата, зајаците и др. имаат многу краток животен век. Согласно ваквите согледувања, ја сфатиле важноста на бавното дишење.
Дишењето и емоционалната состојба на човекот
Општо познато е дека дишењето кај човекот е во директна релација со неговата моментална емоционална состојба. На пример кога некој се лути, или е емоционално вознемирен, брзината и силата на дишењето се зголемува, а кога е задоволен, неговото дишење е бавно и мирно.
Исто така, дишењето е директно поврзано со отчукувањето на срцето. Бавното дишење оди со побавен срцев ритам, а тоа обезбедува, мирен, спокоен, хармоничен и подолг живот.
Во прилог на ова оди и фактот дека срцето на глушецот чука и до 1000 пати во минута, а глушецот има многу краток животен век. Од друга страна, срцевиот ритам на китот е само 16 отчукувања во минута, а на слонот околу 25. И двата видови се познати по својот долг живот.
Проточноста на воздухот низ секоја ноздра исто така го одредува расположението на човекот во одреден момент. Кога текот на воздухот е поголем низ левата ноздра, тогаш личноста е повеќе наклонета кон размислување. Кога текот е поголем низ десната ноздра, личноста е повеќе наклонета кон физичка активност.
Овој тек непрекинато се менува во текот на денот, на отприлика еден час. Во согласност со своите потреби, користејќи одредени јога техники, човекот може по свој избор да ја активира проточноста на одредена ноздра. Па така, доколку има потреба од физичка активност, ја активира десната ноздра, доколку пак сака да чита, да медитира, да интелектуализира, ја активира левата ноздра.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.