Кога последен пат сте застанале и сте погледнале во ѕвездите? Се поретко наоѓаме време да застанеме и да го забележиме прекрасното небо што ни се простира над главите. Македонија нуди многу локации од каде можете да и се восхитувате на магијата на ѕвездите. Еве ги најдобрите места за гледање ѕвезди во Македонија:
Козјак
Добро познатиот видиковец на езерото Козјак е прекрасно место за набљудување на ѕвездите. Ова езеро е сместено во срцето на природата, оддалечено од градските светла (откако ќе затвори Аурора), што го прави идеално за набљудување на ѕвездите и метеорските дождови.
Кокино
Кокино, древна мегалитска опсерваторија која се наоѓа во близина на Куманово, е едно од најстарите места за набљудување на ѕвездите во светот. Ова археолошко наоѓалиште, нуди уникатно искуство за набљудување на ѕвездите, комбинирајќи историја и астрономија.
Галичник
Високо на планината Бистра, село Галичник, одалечено од ѕвучниот метеж, нуди идеални услови за гледање на ѕвезди. Посетителите можат да уживаат во чистото небо и да го набљудуваат магичниот поглед кон универзумот.
Лазарополе
Лазарополе, уште едно планинско село е едно од најубавите села во Македонија. Со својот чист воздух и минимално светлинско загадување, Лазарополе е совршено место за набљудување на ѕвездите. Ова село нуди мир и спокојство, како и прекрасни пејзажи кои ја прават ноќната авантура уште повозбудлива.
Солунска Глава
Солунска Глава, врв на планината Јакупица, е едно од највисоките места во Македонија, со височина од 2,540 метри. Овој врв е оддалечен од урбаните подрачја и нуди одлични услови за набљудување на ѕвездите. Чистиот планински воздух и недопрената природа го прават ова место совршено за астрономски активности.
Пелистер, Баба Планина
Пелистер, врв на Баба Планина, е идеално место за набљудување на ѕвездите. Со својата височина од над 2,600 метри и оддалеченост од градските светла, Пелистер нуди чисто небо идеално за гледање ѕвезди. Освен тоа, можете да уживате во чистиот планински воздух и прекрасната природа.
Преспанско Езеро
Преспанското Езеро, сместено во југозападниот дел на Македонија, е идеално место за набљудување на ѕвездите благодарение на својата височина од 853 метри и минималното светлинско загадување. Окружено со планини и бујна вегетација, езерото нуди чисто небо кое е совршено за гледање на бројни ѕвездени констелации. Кампувањето покрај езерото обезбедува мир и спокојство, овозможувајќи целосно да се соедините со природата и да уживате во магијата на ноќното небо.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.