Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе можат непречено да се движат низ својот емоционален спектар, додека други често чувствуваат жалење, вина или срам? Бројни фактори би можеле да објаснат зошто некои луѓе добро се справуваат со своите емоции, а други не. Но, постои еден психолошки индикатор кој покажува колку добро се справувате со неочекувани (и непријатни) настани кои создаваат емоционална непријатност и ве исфрлаат од колосек. Тоа се нарекува „емоционална зрелост“ и е нешто што можете да го развиете со време и со работа на себе.
Во непредвидливиот свет во кој живееме, единствениот начин да напредувате е да бидете доволно емоционални зрели за да ја разберете важноста на приспособувањето. Исто така подеднакво важно е да гледате на секоја емоционална реакција како можност да научите нешто важно за себе.
Што значи емоционална зрелост?
Емоционалната зрелост е процес низ кој учите успешно да се движите низ целиот емоционален спектар, преземајки одговорност за како се чувствувате, преземајќи одговорност за другите и за светот околу вас.
Емоционалната зрелост е една од основните состојки на среќен и исполнет живот. Тоа е така затоа што емоционлно зрелите поединци можат да негуваат здрави и автентични врски, кои се основен услов за трајна среќа.
Исто така, емоционалната зрелост вклучува и одреден степен на ментална флексибилност. Начинот на кој ги доживувате и толкувате повремените неуспеси и несреќи со кои секој се соочува во текот на животот е многу важен. Перцепцијата може да го засили или да го намали емоционалното влијание што таквите настани може да го имаат врз целокупното чувство на среќа и благосостојба.
За емотивно зрелите поединци, неуспесите во работата или прекин на романтична врска се дел од патувањето, а не крајот на светот. Не може константно и континуирано да ви се случуваат само убави работи, па затоа е од витално значење да се справите со неуспесите со трпение и сочувство.
Но, можеби би можеле да стекнете уште подобро разбирање за емоционалната зрелост ако погледнете од спротивната страна од спектарот.
Вообичаени изговори кои емоционално незрелите луѓе ги користат за да се оправдаат
Не е моја вина/проблем/одговорност
Не преземање одговорност за чувствата и постапките е сигурен начин да останете емоционално незрели. Емоционално незрелите луѓе тешко се справуваат со срам, вина или разочарување.
Повеќето луѓе не се чувствуваат пријатно кога ќе сфатат дека направиле нешто погрешно и кога треба да ја преземат одговорноста (барем делумно) за непријатниот исход од нивните постапки. Но, учите да се справувате со непријатните емоции и да ги приспособите однесувањето затоа што тоа го прават зрелите луѓе. Тие слушаат, учат и се прилагодуваат.
Од психолошка гледна точка обвинувањето на другите за несреќните ситуации го отстранува притисокот од себе и создава моментално чувство на олеснување. За жал, колку помала одговорност преземате за тоа како се чувствувате, толку помала контрола имате врз вашите емоции.
Како резултат на тоа, постои тенденција да станете многу реактивни на луѓе и околности кои создаваат емоционална непријатност. Ова често води до изливи на гнев и жестоки расправии за тоа кој е во право, а кој не.
Не е фер / Не заслужувам да..
Не можете секога (а ретко кога и да можете) да го контролирате животот, или да контролирате како ќе се одвиваат работите. Друга исто тешка вистина да се прифати, е дека реалноста не е секогаш управувана од збир на правила. Не постои невидлива сила што магично ги средува работите кога животот ве става во искушенија или кога ви се случуваат работи кои мислите дека не треба да ви се случуваат на вас.
На некој начин, емоционално незрелите луѓе не можат да го преболат фактот дека реалноста ретко е онаква каква што ја замислуваат и дека тие треба да се прилагодат на околината, а не обратно.
На спротивната страна, емоционално зрелите поединци учат да го искористат најдоброто од она што го имаат наместо да се фрустрираат и вознемируваат кога работите не одат според планираното.
Не трошам време на чувства / Ги завршувам работите
На емоционално незрелите поединци, чувствата им создаваат главоболка наместо можност да ги разберат подобро. За нив е тешко да имаат контрола врз нивните реакции, со оглед на тоа колку малку внимание посветуваат на нивните емоционални реакции.
Но, обидот да постигнете емоционална зрелост без да одвоите време за да разберете како функционираат емоциите е исто како да се обидувате да станете хирург без да имате основно разбирање за човечкото тело. Градењето емоционална зрелост се потпира и на самоистражување и на самообразование.
Со други зборови, се трудите да станете свесни за вашите емоционални реакции и да одвоите време да се едуцирате за тоа како функционираат емоциите.
Без разлика дали ви се допаѓа или не, емоциите се (и секогаш ќе бидат) дел од вашиот секојдневен живот, и никакво рационално размислување не може да ја оправда вашата неподготвеност да се спријателувате со вашите чувства.
Не можам да ги поднесам непријатните емоции
Еден од најчестите знаци на емоционална незрелост е недостатокот на толеранција за емоционална непријатност. Станува збор за оние ситуации кога нешто или некој ве вознемирил и наместо да останете со емоциите и да дозволите да ги почувствувате, прибегнувате кон секакви однесувања за избегнување.
Од премногу гледање серии и прејадување до купување, безумно „скролање“ на социјалните мрежи и злоупотреба на супстанции, современото општество нуди широк спектар на бегства од сегашниот момент.
Објективно гледано, некои емоции се потешки да се толерираат од други. И ова важи за секој човек на планетата. Но само затоа што не сакате да се чувствувате на одреден начин, не значи дека е паметно да го избегнете тоа чувство.
Дали емотивно зрелите луѓе живеат посреќен живот?
Ова прашање не може да се одговори со да или не. Има премногу фактори кои треба да се земат предвид и секој има своја верзија на среќен живот. На прв поглед, би било интуитивно да се претпостави дека емоционалната зрелост придонесува за целокупно чувство на среќа и благосостојба.
Тоа е така бидејќи,емоционална зрелост значи дека личностите:
- Го познаваат својот емотивен спектар
- Ги надминуваат неуспесите преку издржливост
- Се фокусираат на решавање на проблемите
- Инвестираат во автентични и тајни врски
- Свесни се дека среќата е доживотно патување
10 знаци на емоционална зрелост
Не држите лутина
Во текот на животот, ќе запознаете секакви луѓе. Некои ќе ве ценат и ќе ве сакаат безусловно, додека други ќе ве користат за своите цели. Некои ќе ги ценат и почитуваат вашите мислења (дури и ако не се согласуваат со вас), додека други ќе ве критикуваат и мразат само затоа што имате поинаква перспектива.
Држењето лутина кон луѓето не ги менува нивните ставови, ниту ви помага да се справите со нивните навредливи забелешки или постапки.
Не одлучувате според првиот впечаток
Многу луѓе веруваат дека првиот впечаток е сè. Во свет кој често се движи побрзо, се чини дека малкумина сè уште имаат трпение да запознаат некоја личност. За жал, цената што ја плаќате за замена на автентичните човечки интеракции со бесмислени први впечатоци е површност.
Со други зборови, ризикувате да изгубиме некој со кој сте можеле да имате вистинска врска едноставно затоа што тој/таа не ви дал „добар прв впечаток“. Како емотивно зрел поединец, вие треба да знаете подобро отколку да и судите на книгата според нејзината корица и треба да одвоите време да ја откриете вистинаската личност.
Не барате совршеноство
Кога сте емотивно зрели, многу добро знаете дека совршенството е само збор што нема апсолутно никаква примена во реалниот живот. Како и сите други, вие сте совршено несовршено суштество кое, и покрај тоа што прави грешки и на моменти постапува непромислено, продолжува да се подобрува себеси.
Овој вид на размислување ве тера да се подобрите себеси. Затоа што моментот кога мислите дека сте совршени е моментот кога ќе престанете да растете. Како би можеле да се чувствувате мотивирани да дадете приоритет на самооткривањето и само-подобрувањето ако верувате дека веќе сте најдобри што можете да бидете?
Ги знаете вашите маани подобро од било кој друг
Не само што емотивно зрелите луѓе веќе долго време престанаа да го бркаат совршенството, туку и добро ги знаат своите маани и недостатоци.
Тие дури одат чекор подалеку со тоа што им даваат до знаење на другите за нивните најмалку пожелни особини за да спречат непријатни ситуации што може да се појават поради нивните „бубачки“.
Но, покрај тоа што ги познавате вашите недостатоци, уште еден знак за емоционална зрелост е активно да работите на нив. Не можете да очекувате другите да ги толерираат вашите карактерни недостатоци само затоа што вие ги препознавате и прифаќате.
Имате реална перспектива за љубовта и врските
Кога ќе достигнете одредено ниво на зрелост, вашата перспектива за љубовта и врските добива пореален тон.
Со други зборови, престанувате да верувате во љубов на прв поглед. Наместо да се занесувате со луѓе кои ви се привлечни, одвојувате време да ги запознаете пред да направите какви било емотивни инвестиции.
Рим не бил изграден за еден ден, а не се изградени ниту врските. Потребно е време за да се развие довербата, комуникацијата и вистинска љубов врз кои се градат трајните врски.
Му посветувате внимание на детето во вас
Без оглед на возраста, емоционално зрелите луѓе постојано потврдуваат аспекти од нивниот идентитет што другите може да ги означат како „детски“.
Тоа е затоа што детето во вас може да биде одличен извор на креативност, оригиналност и пријатни емоции. Понатаму, одморот од животот на возрасните може да биде доста ослободувачки. На крајот на краиштата, животот е многу повеќе од само плаќање сметки, плаќање даноци и одење на работа.
Овие моменти на разиграност ви овозможуваат да негувате позитивни емоции и да доживеете чиста форма на среќа.
Живеете живот исполнет со вредности
Емоционална зрелост вклучува солиден збир на вредности и принципи врз основа на кои го живеете вашиот секојдневен живот. Животот воден од вредности е како компас кој ви овозможува да се движите во предизвикувачки ситуации без да се оддалечите од курсот.
Понатаму, вредностите и принципите негуваат стабилност и ги олеснуваат одлуките засновани на лични верувања, а не на моментални емоционални импулси. Иако некои одлуки може (привремено) да генерираат емоционални превирања, постои чувство на удобност и лична гордост кога знаете дека сте ги оставиле настрана вашите себични интереси и сте го направиле она што е правилно.
Комуницирате со емпатија
Емпатијата е основен аспект на емоционалната зрелост. Гледајќи подалеку од зборови и резонирање со емоционалната атмосфера на разговорот создава навистина автентична човечка интеракција. Благодарение на емпатијата можете да разберете низ што поминуваат другите и да им понудите емоционална поддршка.
Емпатијата е и причината зошто паузирате и размислувате за чувствата на другите луѓе пред да кажете нешто што може да се толкува како навредливо или непочитувачко. Но, емпатијата не ве спречува да ги искажувате своите мислења, тоа само ве тера да се не се изразувате наметливо.
Ги цените малите нешта во животот
Пронаоѓањето на радост во малите нешта е еден од наједноставните начини да се постигне автентична и трајна среќа. Пријатна прошетка, вкусен оброк, пријателска насмевка од соседот, автобусот кој пристигнува точно на време – ова се моментите кога треба да паузирате и да уживате во нив.
Емоционално зрелите поединци знаат дека не е потребно многу за да се негува чувството на среќа и исполнетост. Нивните животи се исто како и сите други, полни со подеми и падови. Единствената разлика е во тоа што тие не дозволуваат да бидат влечени во неволја и негативност.
Знаете дека среќата е доживотен процес
Најфасцинантниот (и предизвикувачки) аспект на емоционалната зрелост е одржувањето рамнотежа помеѓу фокусирањето на едноставните радости на животот и имањето евдаимонска перспектива за среќата.
Со други зборови, емоционално зрелите луѓе поставуваат реални цели и се вклучуваат во значајни и суштински наградувачки активности. Со други зборови, не се работи за постигнувањето, туку за постојаниот напор и малите победи кои ве носат таму.
Накратко, среќата, исто како и емоционалната зрелост или професионалниот раст, е доживотен процес.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.