Бандите се енергетски заклучувања кои ја задржуваат праната во телото и ја спроведуваат во трите главни енергетски канали (нади) во телото. Џаландара банда може да се изведе на физички начин со вклучување на скелетните мускули, но може да се почувствува и како суптилен и внатрешен енергетски процес.
Џаландара банда ги активира и тонизира мускулите на вратот. За почеток, таа треба да се практикува индивидуално, а потоа може да се вклучи со другите банди, асани, пранајами и на крајот мудри.
Начин на изведба
За да практикувате џаландара банда, седнете во удобна седечка положба со скрстени нозе со дланките свртени надолу, поставени на врвот на колената. ‘Рбетот треба да е исправен, рамената опуштени и градната коска подигната. Очите нежно затворени, а дишењето бавно и длабоко. Вдишете бавно, но длабоко и задржете го здивот. Спуштете ја брадата до градите и повлечете ја малку кон назад, така што задниот дел од вратот да остане исправен, да не се свиткува. Благо донесете ги рамената кон напред за да се продлабочи заклучувањето во грлото, но имајте на ум рамената да бидат опуштени.
Задржете се во оваа положба колку што ви е пријатно, без да се форсирате. За да излезете од положбата, прво подигнете ја брадата нагоре и многу полека вдишете низ носот. Дозволете му на дишењето да се врати во природниот ритам пред да продолжите со наредните циклуси. Може да започнете со три повторувања, а со текот на времето може да ги зголемите повторувањата.
Придобивки од џаландара банда
Оваа банда ги регулира циркулаторниот и респираторниот систем, ја стимулира тироидната жлезда и го балансира метаболизмот. Се вели дека ги лекува сите болести на грлото. Џаландара банда не се препорачува да се изведува доколку имате висок крвен притисок или срцеви заболувања. Таа исто така се комбинира со мула банда и удијана банда за да се создаде „целосната“ маха банда.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.