CBD и медитација е донекаде контроверзен велнес производ во последните неколку години, особено кога се користи во медитативната праксата. Откога CBD маслото и маслата од коноп влегоа во поширока употреба, се увиде дека користење на истите имаат многу придобивки за подобрување на медитативната пракса. Ако сте имале неуспешни обиди во воспоставување медитативна пракса поради анксиозност, немир или болка, тогаш CBD може да биде од голема помош.
Што е CBD масло?
CBD е едно од 113-те потенцијално корисни соединенија кои се наоѓаат во растението коноп. Кога луѓето размислуваат да користат масло од коноп или CBD, тие често го мешаат со марихуаната и нејзиното соединение THC кое предизвикува состојбата на „high“. CBD маслата ги немаат „несаканите“ ефекти како THC.
Разбирливо е доколку се двоумите да пробате CBD масло, но имајте на ум дека тоа е нешто сосема различно од THC. CBD маслото може многу да помогне при медитативната пракса поради неговите ефекти за балансирање на ум-тело и ослободување од стрес.
Зошто треба да користите CBD масло за медитација?
Го разбираме и поддржуваме аргументот дека учениците треба да избегнуваат „надворешни супстанции“ за да им помогнат да медитираат. Да, употребата на CBD може да се гледа како надворешна супстанца, но има многу позитивни причини да користите масло од коноп во вашата пракса. CBD работи бавно со вашиот ендоканабиноиден систем и може да поминат неколку недели или месеци за да се забележат придобивките. Главните четири придобивки вклучуваат:
Зголемена способност за концентрација
Ова е важно, особено кога ја започнувате вашата пракса и кога сакате да го продолжите времето на практикување. Многу истражувања покажаа дека CBD маслото ја подобрува концентрацијата, фокусот и вниманието. Ова, пак, му овозможува на вашиот ум да се спротивстави на случајните мисли и ви овозможува да седите подолги периоди со помалку одвлекувања.
Го стабилизира и го подобрува вашето расположение
Медитацијата е за душевен мир и помага да се чувствувате одморено и позитивно. CBD маслото ви помага да останете смирени и го подобрува производството на серотонин во вашиот мозок. Подоброто расположение значи подолг период на медитација. Медитацијата е „вештина“ и колку повеќе ја практикувате, толку „подобри“ ќе бидете.
Го намалува стресот и анксиозноста
Ако вашиот ум е полн со грижи и вознемиреност, ќе биде многу тешко да седите мирно и да уживате во десет минутна тишина. Има сѐ поголем број научни докази дека CBD може да помогне во смирувањето на симптомите на стрес и анксиозност. Имајќи мирен ум на почетокот на вашата медитација ќе обезбеди поголем успех во праксата.
Намалена болка во мускулите
Ако имате некоја хронична болка или ограничен опсег на движења, CBD маслото може да ја намали болката. Јогата и медитацијата имаат и краткорочни и долгорочни придобивки за состојбите на хронична болка. Маслото од коноп може да помогне да се релаксираат напнатите мускули и да помогне при воспаление, што го подобрува вашиот опсег на движења при јогиска пракса, како и вашата способност да седите мирно за вашата медитативна пракса.
Како да се користи CBD масло за медитација?
Постојат неколку начини да го вклучите маслото од коноп во вашата медитација. Може да ги почувствувате ефектите на смирување веднаш, или може да почекате да треба да почекат 15-60 минути да делува, па планирајте ја дозата врз основа на вашиот одговор. Постојат три главни начини да се земе CBD:
– Земање CBD орално пред вежбање. Ставете неколку капки (или друга препорачана количина) од CBD тинктура под јазикот 60 секунди пред да го голтнете. Се препорачува да започнете со мала количина и постепено да ја зголемувате додека не ја најдете вашата совршена доза.
– Додадете масло од коноп во вашето утринско смути или додајте го во некој чај. Ако се користи во чај, можете да го испиете пред медитација, вашето тело ќе биде опуштено и подготвено.
– Додавање масло во вашата нега на кожа. Додавањето масло од коноп во омилениот крем за раце и потоа нанесувањето на рацете, вратот и градите пред да започнете, може да ви помогне во вашата медитација. Можете сами да ги додадете маслата во вашите омилени креми или да изберете производи со внесување на коноп. Погрижете се да тестирате нови производи за кожа на мали делови од кожата и почекајте 12 часа за каква било алергиска реакција.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.