Без разлика дали сте љубител на кафе или чај, веројатно имате силно мислење по ова прашање (и веројатно омилена шолја). Но, кога зборуваме за здравјето, дали едниот пијалок е навистина подобар од другиот? И двете опции имаат свои предности, но и некои недостатоци. Па, пред да ја наполните следната шолја, да се обидеме да го разрешиме ова вечна дилема.
Кафето и чајот имаат повеќе сличности отколку што мислиме
И кафето и чајот се богати со полифеноли — растителни соединенија со антиоксидантни и противвоспалителни својства. Редовната консумација на овие пијалаци се поврзува со намален ризик од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабет тип 2. Кафето и чајот исто така го подобруваат здравјето на мозокот благодарение на кофеинот и антиоксидансите.
Што му дава предност на кафето?
Кафето има посилна доза кофеин, што може да ја зголеми концентрацијата, физичката издржливост и да го забрза метаболизмот. Дополнително, кафето е богато е со хлорогенски киселини — антиоксиданси кои позитивно влијаат на здравјето на мозокот и црниот дроб.
Иако и чајот содржи антиоксиданси, кафето има различен состав кој повеќе одговара на западната исхрана.
Зошто чајот е во предност?
Чајот содржи Л-теанин — амино киселина која помага за смиреност и фокусираност, особено присутна во зелениот и белиот чај. Некои видови, како камилицата, дури го поттикнуваат варењето или помагаат за подобар сон.
Покрај тоа, билните чаеви не содржат кофеин и придонесуваат за хидратација, што е предност за оние кои сакаат да го намалат внесот на стимуланси.
Колку се апсорбираат антиоксидансите?
До одреден степен. На пример, зелениот чај содржи EGCG — моќен антиоксиданс, но телото потешко го апсорбира поради чувствителноста на топлина и pH. Наспроти тоа, антиоксидансите во кафето (хлорогенски киселини) се апсорбираат многу полесно.
Колку кофеин е премногу?
Толеранцијата кон кофеин е индивидуална. За некои, умереното количество може да го подобри расположението и енергијата. За други, дури и мала доза може да предизвика нервоза, анксиозност или дигестивни проблеми. Според Американската асоцијација за храна и лекови (FDA) до 400 мг дневно е безбедно за повеќето возрасни. За споредба, една шолја кафе содржи околу 95 мг кофеин, а чајот меѓу 30 и 50 мг.
Дури и чајот, особено јаките црни или матча чаевите, може да предизвика т.н. „нервоза“. Но, благодарение на Л-теанинот, чајот обезбедува порамномерна енергија, без нагли падови како кај кафето. Сепак, секој реагира различно и преголемото количество чај може да предизвика несакани ефекти, особено кај чувствителните на кофеин.
Преголемото консумирање кафе или чај — особено на силно концентрирани пијалаци — може да предизвика проблеми со спиењето, забрзано чукање на срцето или дигестивни потешкотии. Киселоста на кафето може да го иритира желудникот, а некои билни чаеви (како „детокс“ мешавините) може да го оптоварат црниот дроб или да влијаат на дејството на лекови.
Кој пијалок победува?
Нема единствен победник. Кафето може повеќе да помогне за енергија и метаболизам, додека чајот е подобар за смирување и хидратација. Сè зависи од вашите цели, толеранција на кофеин и лични преференции.
И двата пијалока можат да бидат дел од здрава исхрана, само обрнете внимание на тоа што додавате во шолјата — шеќерот во кафето и во чајот може да ги намали придобивките. Исто така, избегнувајте кофеин доцна попладне или навечер, бидејќи може да го наруши сонот.
Доколку сте бремени, доите или имате здравствени состојби, задолжително консултирајте се со лекар за соодветниот внес на кофеин.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.