Нервниот систем е сложен систем. Практикување јога може директно да влијае на парасимпатичкиот нервен систем и на симпатичкиот нервен систем. Не е тајна дека практикување јога го активира парасимпатичкиот систем, но како влијае врз симпатичкиот нервен систем (СНС) или одговорот на „борба или бегство“?
Парасимпатичкиот наспроти симпатичкиот нервен систем
Додека некои стилови на јога се наменети да го забават телото, постојат и практики кои го прават спротивното, со што влијаат на симпатичкиот нервен систем, пандан на парасимпатичкиот нервен систем.
Најчесто, побавните јога „стилови“ кои вклучуваат смирувачки или нежни асани (физички положби), длабоко дишење и медитација го активираат одговорот на релаксација со забавување на телото. Тие помагаат во ублажување на стресот со забавување на различни функции на телото, што резултира со целокупно чувство на смиреност.
Спротивно на тоа, постојат јога практики кои го активираат СНС кои иако се различни, исто може да резултираат со психолошки, емоционални и физиолошки придобивки.
Науката зад симпатичкиот нервен систем
СНС во автономниот нервен систем е одговорен за одржување на балансирана состојба (хомеостаза) во различни органски системи во телото.
Симпатичките одговори се однесуваат на акција, како оние кои се активираат непосредно пред да се разбудиме од спиење. СНС работи заедно со кортизолот и адреналинот што доведува до зголемен пулс, промени во нивото на шеќер во крвта и зголемен крвен притисок. Крвта и кислородот се испраќаат до поголемите мускули на телото, како што се рацете и нозете, за да може да се избегне воочената опасност или заканите.
Постојат хемиски импулси кои патуваат од ‘рбетниот мозок до конкретното ткиво и ги стимулираат процесите како што се зголемување на отчукувањата на срцето, исклучување на дигестивниот систем, проширување на бронхијалните цевки за сместување повеќе кислород, проширување на зениците, стегање на крвните садови за зголемување на крвниот притисок и активирање на потењето.
Како е ова поврзано со јогата?
Во одредени видови јога како јин јога, хата јога или ресторативна јога, ПНС се стимулира. Срцето почнува да успорува, дишењето се регулира или се продлабочува што резултира со смирување на целото тело. Практиките кои вообичаено го активираат ПНС се понежни, и побавни.
Во подинамични практики, како што е кундалини јогата, може да има повеќе предизвикувачки асани или техники. Темпото на часот може да биде доста динамично.
Или да речеме, асаната Воин 3 бара рамнотежа, концентрација и се „храни“ од стимулацијата на СНС, дозволувајќи протокот на енергија, невротрасмитерите и хормоните да го поттикнат телото да ја одржи положбата на телото.
Симпатичките одговори предизвикани за време на подинамичните практики на јога се здрави. Имунитетот се зајакнува, градиме сила и ја зголемуваме издржливоста.
Слични одговори се појавуваат за време на други посилни вежби, како што се пливање, трчање или возење велосипед. Динамичната јога и движењето може да го зајакнат вашиот одговор на перцепираните стресови во контролирана средина.
Затоа, кога се случува вистинска опасност во надворешниот свет, овие практики, кога се прават редовно, не само што ве зајакнуваат физиолошки туку и ментално и емоционално. Се чувствувате посилни како целина, а со тоа се стремите кон вашиот ум и тело, сето тоа преку регулирање на одговорот на стресот преку јога.
Практиката на јога е корисна на многу начини, без разлика дали тоа е понежна или динамична пракса. Тоа зависи само од тоа какви се вашите намери за вашата пракса, типот на јога што ќе го изберете, како и стилот на предавање на инструкторот.
Некои денови, можеби ќе го сакате предизвикувачки Аштанга час, а друг ден можеби ќе сакате да се опуштите со ресторативна јога. Слушајте го вашето тело и почитувајте го она што му треба, почитувајќи ги двата дела на автономниот нервен систем.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.