Алкалната диета е вид на исхрана која се фокусира на консумирање храна која се верува дека влијае позитивно на pH нивото на телото. Целта на оваа алкална диета е да се создаде повеќе алкална средина во телото, со што се намалува киселоста.
Оваа идеја е заснована на претпоставката дека одредени здравствени проблеми може да се поврзани со прекумерна киселост во телото, што може да биде резултат на модерната исхрана богата со преработена храна, месо и шеќер.
Одржувањето на алкално тело може да помагне во превенција на разни болести како што се артритис, остеопороза и различни кардиоваскуларни заболувања. Со алкалната диета може да се подобри општото здравје и да се забави процесот на стареење.
Како функционира алкалната диета?
Алкалната диета функционира со цел да го урамнотежи pH нивото во телото, што се смета дека може да допринесе за подобрување на здравјето и намалување на ризикот од различни здравствени проблеми.
Алкалната исхрана не ја категоризира храната врз основа на тоа колку е кисела или алкална, туку на тоа како таа храна функционира во телото.
На пример, портокалите се природно кисели, тие се сметаат за базни во алкалната исхрана. Спротивно на тоа, храната богата со протеини како лососот можеби нема да има кисел вкус, но бидејќи формира киселина во телот, не е дел од алкална исхрана.
Зошто алкална исхрана?
Според промоторите на диетата, зголемениот внес на алкални храни и намалениот внес на кисели храни може да помогне во подобрување на алкалноста на крвта и другите телесни течности. Ова се смета за пожелно бидејќи алкално тело се смета за помалку подложно на разни болести.
Алкалната диета не е само краткорочна промена во исхраната, туку често се претставува како промена во животниот стил. Таа поттикнува вклучување на повеќе сирови, необработени храни, повеќе вода, и умерена физичка активност, сè со цел подобрување на здравствената состојба и квалитетот на живот.
Што да јадете и пиете при алкална исхрана?
Кога следите алкална диета, клучно е да се фокусирате на храна која придонесува кон алкалната средина во вашето тело.
Еве листа на препорачани храни и пијалоци што треба да ги вклучите во вашата алкална исхрана:
Што да јадете:
- Зелнчук: цвекло, репка, блитва, глуварче, кељ, праз, спанаќ;
- Овошје: Јаболка и незасладен сок од јаболко, суви кајсии, банани, смокви, суво грозје, сливи, урми, незасладени сокови од грозје и портокал;
- Билки и зачини: Свеж копар, сув босилек, коријандер, кари во прав, оригано, магдонос;
- Засладувачи: Мед, мармалад;
- Пијалоци: Вода, чај, некои видови кафе;
- Масти: Маслиновото масло се смета за неутрално.
Храна која треба да ја избегнувате:
Кога сте на алкална диета, треба да избегнувате храна која што формира киселина:
- Животински протеини: Млечни производи, јајца, риба и школки, живина, црвено месо;
- Јаткасти плодови и семки: Кикирики, ореви, семки од тиква, сусам, семки од сончоглед;
- Скроб: Кафеав ориз, овес, тестенини, житарици за појадок, ориз, интегрален леб, трици, ‘рж;
- Мешунки: Леќа, грашок;
- Слатки: Десерти и пудинзи на база на желатин;
- Пијалоци: Коли, бледи пива.
Предности на алкалната диета
Алкалната диета има неколку потенцијални предности кои ги привлекуваат луѓето да ја пробаат. Еве неколку од најчесто наведените предности:
Подобрување на здравјето на коските и заштита од остеопороза
Намалувањето на киселоста во телото може да го намали отстранувањето на калциум од коските, што е фактор за развој на остеопороза. Преку зголемен внес на алкални храни кои се богати со минерали како калциум, магнезиум и калиум, се верува дека диетата помага во зајакнување на коскената структура и намалување на ризикот од коскени заболувања.
Намалување на хроничната инфламација
Инфламацијата е поврзана со многу хронични здравствени состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, артритис и дијабетес. Алкалната диета поттикнува консумација на зеленчук и овошје, кои содржат антиоксиданти и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат во намалување на системската инфламација.
Подобрување на варењето и детоксикација
Зголемениот внес на влакна од сирови зеленчуци и овошја во алкалната диета може да помогне во подобрување на варењето и редовното исфрлање на отпадни материи од телото.
Подобрување на енергијата и општата виталност
Многу луѓе кои ја следат алкалната диета велат дека имаат зголемена енергија и подобрување на својата општа виталност. Ова може да биде резултат од високиот внес на хранливи материи, витамини и минерали преку зголемена консумација на зеленчук и овошје.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.