Кога сте под стрес, идејата да имате игли во вашата кожа можеби и не звучи баш како грижа за себе. Сепак, традиционалната кинеска медицина користи акупунктура илјадници години за да ја ублажи болката и да помогне при други медициски состојби. Акупунктура при состојба на анксиозност, се користи во внатрешноста на зглобовите, помеѓу очите и ушите.
Еве што треба да знаете за акупунктурата за анксиозност, вклучувајќи ги придобивките, ризиците и домашните лекови.
Дали акупунктурата помага за анксиозост?
Да, акупунктурата ја ублажува анксиозноста со регулирање на нервниот систем, особено со враќање на рамнотежа на автономниот нервен систем. Третманот со акупунктура помага да се врати телото во релаксирана состојба каде што симпатичкиот систем е избалансиран и повеќе не доминира.
Според кинеската медицина, енергијата или „qi“ тече нагоре и надолу по патеките во телото. Понекогаш, енергијата е блокирана, дефицитарна, прекумерна или неурамнотежена. Ова го става телото надвор од рамнотежа и предизвикува болест. Акупунктурата ја обновува хомеостазата и го поттикнува заздравувањето.
Како функционира акупунктурата?
Како дел од традиционалната кинеска медицина, акупунктурата користи холистички пристап кон здравјето. Холистичкиот пристап може да вклучува препораки за:
- Вежбање – особено Чи Гонг и Таи Чи
- Исхрана
- Фитотерапија (користење лекови кои потекнуваат од растенија и билки)
- Психотерапија
Во акупунктурата не се раздвојуваат физичките и менталните аспекти [на пациентот], бидејќи и двата се тесно поврзани заедно. На пример, може да му кажете на акупунктуристот дека се чувствувате вознемирени и дека се будите испотени среде ноќ. Сепак, тие нема да мислат дека се жалите за две сосема различни прашања.
Наместо тоа, вие ги опишавте симптомите на едно од најчестите објаснувања за анксиозноста во кинеската медицина: „недостаток на јин“. Јин, заедно со јанг, му овозможува на лицето да има усогласено Чи. Недостатокот на Јин укажува на проблеми поврзани со емоциите, а симптомите може да вклучуваат анксиозност, ноќно потење, напнатост и депресија.
Што се случува на една сесија?
Акупунктурист ќе работи со вас за да ги разбере вашите здравствени цели пред да стави какви било игли во точките за акупунктура лоцирани на „каналите“ во тродимензионален простор под кожата (најчесто во фасцијата). Како дел од вашата првична проценка, ќе направите темелен преглед на медицинската историја.
Потоа, ќе се опуштите на удобна маса, обично свртени нагоре, додека многу тенки игли – околу широчината на влакното – внимателно се вметнуваат под површината на вашата кожа. Кога се правилно поставени, не треба да болат. Иглите остануваат околу 30 минути, и иако тоа варира во зависност од акупунктуристот, некои ќе ве остават во просторијата со топлинска ламба, ќебе, есенцијални масла или смирувачка музика.
Каде се поставуваат иглите за акупунктура при состојба на анксиозност?
Иглите не се поставуваат само во случајни точки низ вашето тело. Тие мора да бидат вметнати во акуточки – многу специфични локации врз основа на вашите физички или ментални симптоми. Точките за анксиозност може да вклучуваат:
- Помеѓу веѓите
- Внатрешноста на вашите зглобови
- На нозете
- Вашата градна коска или ушите
Кои се придобивките?
Акупунктурата може да биде корисна за намалување на симптомите на генерализирана анксиозност во споредба со лекови, лажна акупунктура и други не-акупунктурни терапии.
Во принцип, акупунктурата има и други придобивки. Терапевтските ефекти на акупунктурата исто така се фокусираат на главоболки и болки во долниот дел на грбот, вратот и колената. Исто така, акупунктурата може да биде корисна за олеснување на анксиозноста кај луѓето со хронична болка. Акупунктурата може да ги регулира областите на мозокот кои играат улога и во болката и во емоциите.
Кои се потенцијалните ризици и несакани ефекти?
Акупунктурата е релативно безбедна ако посетите квалификуван акупунктурист кој користи стерилни игли. Иглите за еднократна употреба се индустриски стандард. Избегнувајте лекари кои користат нестерилни игли и несоодветни процедури за акупунктура, бидејќи тоа не е безбедно и може да резултира со компликации. Може да почувствувате несакани ефекти како што се:
- Крварење
- Повреда на централниот нервен систем
- Несвестица за време на сесијата
- Хематом – лоши модринки
- Инфекции
- Болка од игла
Сепак, ако работите со соодветно обучен и сертифициран лекар, ризиците се минимални.
Ако се чувствувате вознемирени, акупунктурата можеби вреди да се проба. Практиката може да биде ефикасна во намалувањето на симптомите на анксиозност. Разговарајте со акупунктурист пред да направите акупунктура за анксиозност за да одредите дали е соодветна за вас.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.