social image
Месечен хороскоп, септември 2026 (за сите хороскопски знаци)
31.8.2026
Сезоната на затемнувањата, еден од најинтензивните астролошки периоди во годината, заврши. Септември носи нова фаза, а есенската рамноденица ќе означи важна пресвртница. На почетокот од месецот Сонцето се движи низ девица и ве поттикнува да ги доработите плановите, да го организирате секојдневието и да ги приспособите навиките на иднината
Види детали

Здравје и убавина

Суво четкање на кожата - придобивки, ризици и правилна примена

​Сувото четкање, познато и како „гаршана“, е традиционална ајурведска техника што се применува со векови. Се изведува со четка со цврсти природни влакна, која се движи по сувата кожа на телото.

Прочитај повеќе

Колку често треба да ја кратите косата за да расте здрава?

Нема едно правило што важи за сите кога станува збор за кратење на косата. Колку често треба да одите на фризер зависи од повеќе фактори. Важни се должината на косата, нејзината текстура, состојбата на влакното, но и тоа дали често ја бојадисувате, ја избелувате, ја фенирате, ја пеглате или ја виткате со фигаро.

Прочитај повеќе

9 начини да ја подобрите рутината за спиење

Постои едно многу специфично место во пеколот резервирано за грижите што се појавуваат во 3 часот наутро. Тоа е состојба од која не се поштедени ниту најсмирените меѓу нас. Некоја навидум безначајна реченица што сте ја кажале или нешто што сте го направиле одеднаш повторно ви се враќа во мислите, токму кога се обидувате да заспиете.

Прочитај повеќе

Дали е доволно наутро да го измиете лицето само со вода?

Навечер најчесто посветуваме повеќе внимание на чистењето на лицето. И тоа со причина. Во текот на денот на кожата се собираат шминка, крема со заштитен фактор, маснотии, прашина и други нечистотии кои треба темелно да се отстранат пред спиење.

Прочитај повеќе

Дали треба да користите ретинол во лето? Еве што треба да знаете

Ретинолот одамна важи за златен стандард во негата на кожата. Тој ја забрзува обновата на клетките и го поттикнува создавањето колаген, па затоа често се поврзува со посвеж, помазен и помладолик изглед на кожата.

Прочитај повеќе

Како да ја намалиме изложеноста на микропластика во секојдневието

Микропластиката ретко ја гледаме со голо око, но сè почесто слушаме за неа. Ја има во водата, храната, домашната прашина, облеката и амбалажата што ја користиме секој ден. Сè повеќе истражувања ја откриваат и во човековото тело.

Прочитај повеќе

Храна

Вести од Храна

Колку протеини навистина ви требаат според возраста и начинот на живот?

Во последниве години протеините станаа една од главните теми кога се зборува за здрава исхрана. Ако порано за дневен внес на протеини најмногу размислуваа нутриционисти, спортисти и луѓе кои активно вежбаат, денес оваа тема е многу поприсутна кај луѓето воопшто.

Прочитај повеќе

6 вегетаријански извори на омега-3 за здрав мозок, кожа и хормони

Омега-3 најчесто се поврзува со рибата, но тоа не значи дека е резервирана само за оние што јадат морска храна. Ако сте вегетаријанец, не сакате риба или имате алергија, постојат и други начини да ја внесете оваа важна хранлива материја. Дел од нив доаѓаат токму од растителната храна и лесно се вклопуваат во секојдневната исхрана.

Прочитај повеќе

Медитеранската исхрана повторно е број 1 - еве зошто се смета за најздрав избор

Медитеранската исхрана со години се вбројува меѓу најздравите начини на исхрана во светот. Причината е едноставна, се базира на свежи, минимално преработени намирници, здрави масти и оброци што лесно може да се подготват.

Прочитај повеќе

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете тестенини неколку пати неделно?

Тестенините често се наоѓаат на трпезата и кај многумина се дел од редовното мени. Сепак, нивното влијание врз шеќерот во крвта не е секогаш исто. Иако се извор на јаглехидрати, многу зависи од тоа како се подготвени и со што се комбинираат.

Прочитај повеќе

7 поздрави видови брашно што можете да ги користите наместо бело брашно

Ако сакате малку да ја подобрите исхраната, почнете од нешто едноставно како брашното што го користите секој ден. Наместо класично бело брашно, постојат поздрави алтернативи кои имаат повеќе влакна, витамини и минерали, а вкусот и текстурата на јадењата остануваат подеднакво добри.

Прочитај повеќе

Домашна гранола со чоколадо што не бара многу време

Домашната гранола е еден од оние рецепти што лесно влегуваат во секојдневната рутина. Се подготвува брзо и може да се прилагоди според тоа што веќе го имате дома.

Прочитај повеќе

Фитнес

За болката, лошото држењето и навиките што го менуваат телото, разговораме со Стефанија Стојанова од Коректива

Стефанија Стојанова веќе десет години работи како физиотерапевт, но нејзиниот однос кон телото почнал многу порано, преку спортот и личното искуство со повреда. Како активна ракометарка се соочила со проблеми со ’рбетот, искуство што ѝ покажало колку се важни правилното движење, превенцијата и навремената грижа за телото.

Прочитај повеќе

Одење на нагорнина (incline) или трчање - кој тренинг дава подобри резултати?

И трчањето и одењето на нагорнина (incline) се ефикасни кардио активности што помагаат во согорување калории и намалување на маснотиите. Тешко е да се даде едноставен одговор на прашањето која од овие две активности е подобра. Сѐ зависи од целта, кондицијата и тоа што најмногу ви одговара.

Прочитај повеќе

Сакаш повеќе самодоверба во теретана? Еве од каде да почнеш

Влегувањето во теретана првпат знае да биде малку чудно чувство и често може да делува како да си се нашол во сосема нов свет. Се наоѓаш меѓу справи што не ги препознаваш, тегови насекаде и луѓе кои изгледаат како точно да знаат што прават. А ти се прашуваш каде да ја оставиш водата, како функционира половина од опремата.

Прочитај повеќе

Зошто пешачењето до работа е потценета форма на вежбање?

Кога ќе се спомне вежбање, повеќето луѓе веднаш помислуваат на теретана, тренинзи, справи и специјални програми. Малкумина го поврзуваат зборот „вежбање“ со нешто толку обично како пешачење до работа. А токму таму, во таа секојдневна рутина, се крие една од наједноставните и најприродни форми на физичка активност.

Прочитај повеќе

Како вежбањето со отпор ја подобрува меморијата и расположението?

Кога ќе помислиме на вежбање со тегови или со ластици, првата асоцијација обично е појако тело и подобра физичка форма. Но, зад секое повторување и секоја капка пот се крие нешто повеќе – влијание врз умот и емоциите.

Прочитај повеќе

Што му се случува на телото по 20.000 чекори?

Голем дел од денот се минува во седење –во автомобил, на работно место, пред екрани. Но сѐ повеќе луѓе, сфаќајќи ги здравствените придобивки од физичката активност, го заменуваат седечкиот начин на живот со долги прошетки.

Прочитај повеќе

Љубов и секс

Дали „дигиталната љубомора“ влијае врз вашата врска?

Дали проверувате на чии објави партнерот остава лајкови, што коментира и кого неодамна почнал да следи? Дали ве вознемирува кога е активен на социјалните мрежи, а не ви одговара на пораката? Можеби сте се нашле и во ситуација да посакате да ги прочитате неговите приватни разговори.

Прочитај повеќе

Зошто раскинувањата без кавги и предавства болат најмногу?

​Болката полесно се поднесува кога имаме кого или што да обвиниме за неа. Дури и обичната исеченица помалку нè нервира кога знаеме од кое парче хартија сме се исекле. Но кога станува збор за раскинување, потребата да најдеме виновник е уште поголема.

Прочитај повеќе

Како да ја препознаете разликата помеѓу вљубувањето, да бидете вљубени и да сакате некого?

Вљубувањето, да се биде вљубен и да се сака некого се различни фази кои можат да се појават во различни периоди од животот. Вљубувањето е почетната фаза на романтична врска, кога чувствуваме повеќе занес и кога партнерот го гледаме низ розови очила. Да се биде вљубен е подлабока и постабилна фаза што следи по почетната занесеност.

Прочитај повеќе

Свесност

Вести од Свесност

Зошто разговорите лице в лице ни значат повеќе отколку што мислиме?

Сигурно ви се случило со некого да почувствувате дека сте „на иста бранова должина“. Разговорот оди лесно, мислите се надоврзуваат сами од себе, а другата личност како да ве разбира уште пред да ја довршите реченицата.

Прочитај повеќе

99 позитивни афирмации за подобар почеток на денот

Позитивните афирмации се едноставен начин да си дадеш поддршка секој ден. Не чинат ништо, а можеш да ги прилагодиш точно според себе. Можеш да ги запишеш на ливчиња, да ги чуваш во телефонот или едноставно да си ги повторуваш кога ти е најпотребно.

Прочитај повеќе

Како „тригерите“ можат да станат учители? (и да донесат повеќе мир)

Некогаш се мисли дека чувството на вознемиреност или „тригер“ значи дека некој друг прави нешто погрешно. Некој ве прекинува додека зборувате, доцни повторно или зборува прегласно. Раздразнетоста изгледа оправдана, бидејќи проблемот очигледно е надворешен. Барем така изгледа на прв поглед.

Прочитај повеќе

Патувања

Што е важно да се знае пред првата подолга планинарска тура?

Подолгите планинарски тури стануваат сè почест избор, особено за време на викендите и во периоди со постабилно време. Првата тура што трае неколку часа носи поинаков ритам и поинакви услови од кратките прошетки. Затоа е важно однапред да се знае на што треба да се внимава за да се избегнат непријатни ситуации на терен.

Прочитај повеќе

Како да изберете соодветна облека за различни временски услови во планина

Планината секогаш носи изненадувања – едно утро може да тргнете кон врвот под јасно небо и топло сонце, а до попладне да ве пречекаат дожд, снег или силен ветер. Токму затоа, изборот на облека не е само прашање на стил или удобност, туку и на безбедност.

Прочитај повеќе

Планината станува новото „собиралиште“ за урбаните генерации

Сè повеќе млади луѓе, особено од урбаните средини, наместо да ги минат викендите заглавени низ градските гужви, се договараат за искачување на Водно, Шара или Галичица, или пак за едноставна тура по некоја шумска патека.

Прочитај повеќе

Астрологија

Месечен хороскоп за јарец – септември 2026

Јарци, во септември ќе погледнете подалеку од секојдневните обврски. Сонцето во девица ја буди желбата за патување, учење и нови искуства. Ќе размислувате за големите промени што ги посакувате и за конкретните чекори што водат до нив. Разговорите ќе ви донесат ново знаење, а и вие ќе имате корисно искуство што можете да го споделите.

Прочитај повеќе

Месечен хороскоп за стрелец – септември 2026

Стрелци, во септември ќе забележите конкретен напредок во кариерата или во важна лична цел. Ќе размислувате долгорочно и ќе преземате чекори кон животот што сакате да го изградите. Вашиот труд ќе стане повидлив и може да добиете внимание во професионалната средина. Застанете за миг и признајте си колку сте постигнале.

Прочитај повеќе

Месечен хороскоп за скорпија – септември 2026

Скорпии, во септември пријателствата и дружењето доаѓаат во преден план. Ќе добивате повеќе покани, ќе запознавате нови луѓе и ќе разменувате идеи. Некои разговори може да ве поврзат со луѓе што ќе ги поддржат вашите планови. Ова е добар период да изберете една долгорочна цел, да направите јасен план и да го преземете првиот чекор.

Прочитај повеќе