Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Здравје»9 пролетни детокс намирници препорачани од нутриционисти
    Здравје

    9 пролетни детокс намирници препорачани од нутриционисти

    omnia.mkBy omnia.mk10/04/2025Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    детокс намирници
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пролетта е време на будење – не само на природата, туку и на нашето тело и ум. По долгите зимски месеци, чувствуваме природна потреба за освежување, лесна храна и враќање на енергијата. Овој период е совршен за воведување на нови навики, чистење на организмот и градење на подобра рамнотежа меѓу телото и умот.

    Според традиционалната кинеска медицина, пролетта е идеално време за подобрување на работата на црниот дроб и жолчката – органи кои играат клучна улога во прочистувањето на организмот. За полесен почеток на пролетниот детокс, нутриционистите препорачуваат сезонски намирници што помагаат при елиминирање токсини и подобрување на варењето.

    1. Сок од пченица

    Сокот од пченица е богат со антиоксиданси и витамини, а може да го намали нивото на шеќер во крвта и да го зајакне имунитетот. Се препорачува да се пие секое утро, разреден во чаша вода. Едноставен ритуал со силно дејство врз телото. Сепак, луѓето со хронични болести, трудници и постари лица треба претходно да се консултираат со лекар.

    2. Коприва

    Една од најдобрите пролетни билки. Богата е со железо, магнезиум, витамин Ц и антиоксиданси. Делува како природен чистач на крвта и ја поттикнува работата на црниот дроб и бубрезите. Може да се консумира како чај, во супи или лесно обарена како додаток во оброкот.

    3. Зеленчукови сокови

    Сокови од целер, спанаќ, кељ, морков, или магдонос се одличен избор за пролетен детокс. Тие ја помагаат функцијата на црниот дроб, го олеснуваат варењето и се вистинска енергетска „бомба“ благодарение на нивната концентрација на витамини и антиоксиданси.

    4. Чај од глуварче

    Чајот од глуварче е природен диуретик што ја намалува подуеноста и ја поттикнува работата на црниот дроб. Освен тоа, има антиоксидативно дејство и придонесува за подобро варење, елиминација на вишок течности и подобрување на состојбата на кожата. Се препорачува да се пие неколку пати дневно помеѓу оброци.

    5. Цвекло

    Цвеклото е еден од најмоќните природни чистачи на крвта и црниот дроб. Богато е со антиоксиданси и железо, што го прави идеално за детоксикација и подобрување на циркулацијата. Може да се консумира свежо во салати, варено или како дел од сокови. Редовната употреба на цвекло помага во елиминација на токсини и дава чувство на свежина и енергија.

    6. Магдонос

    Магдоносот е многу повеќе од обичен зачин – тој е природен прочистувач на телото. Богат е со витамин Ц, железо и антиоксиданси, а има и благ диуретичен ефект што помага во елиминирање на вишок течности и токсини преку уринарниот тракт. Најдобро е да се јаде свеж, во салати, или да се приготви како чај, за да се зачуваат неговите својства.

    7. Ѓумбир

    Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни својства и придобивки за варењето и имуниот систем. Може лесно да се додаде во секојдневната рутина – неколку парчиња во вода со лимон се одличен начин за поддршка на метаболизмот и прочистување на организмот.

    8. Сок од бреза

    Се собира од брезите во рана пролет и има прочистувачко дејство врз панкреасот, бубрезите, црниот дроб и кожата. Во исто време, го снабдува телото со минерали и витамини како калциум, калиум, магнезиум, селен, цинк и хром. Содржи и витамин Ц кој го поттикнува производството на колаген и ја поддржува еластичноста на кожата.

    9. Ротквица

    Пролетен зеленчук со силно прочистувачко дејство. Ги стимулира варењето и работата на жолчката. Богата е со витамин Ц и сулфурни соединенија кои придонесуваат за природна детоксикација на телото. Може да се јаде свежа, во салата, или лесно обарена.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    детокс намирници здрава храна здравје зеленчук овошје пролет
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЗошто сме опседнати со совршен изглед на социјалните мрежи?
    Next Article Турска паста (леќа + доматно пире + грчки јогурт)
    omnia.mk

    Related Posts

    Чај или кафе: Кој пијалок најмногу одговара на вашите потреби?

    07/05/2025

    „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист

    05/05/2025

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.