Најчесто мислиме дека доброто здравје е нешто што го имаме или се надеваме да го вратиме. Вистината е дека доброто здравје како на телото така и на умот е тековен процес кој бара наша посветеност кон создавање здрави навики кои се претвораат во здрав начин на живот.
Еве 8 начини на кои можете да започнете со примена на практики за здрав живот во вашиот секојдневен живот:
Не го прескокнувајте појадокот
Сите органи во телото имаат свои „часовници“ а метаболизмот на телото е различен во текот на денот, што всушност го прави утрото одлично време да се обезбедат хранливите материи. Дури и ако немате многу време наутро, создадете рутина за брз но здрав појадок кој ќе ви помогне да си го подобрите целокупното здравјето. Одберете некоја лесна, но храна богата со витамини и минерали што ќе ви даде енергија во текот на целиот ден.
Свесно подготвувајте ја вашата храна
Енергијата што ја внесувате додека ја подготвувате храната што ќе ја јадете е важна. Ако готвите кога сте лути, тогаш таа енергија ќе се пренесе на вашата храна. Ако сакате да се чувствувате добро и да имате добра енергија, подготвувајте ја вашата храна внимателно со благодарност и со намера да го излекувате вашето тело. Ова важи за секој оброк. Уживајте во процесот на подготовка на здрава храна. Сечењето свежо овошје, сечењето свеж зеленчук може да бидат медитативни активности кои ќе го нахранат вашиот ум и душа како и вашето тело. Кога ја подготвувате храната со внимание и љубов, со убава енергија, ќе ја цените повеќе!
Не правете повеќе работи одеднаш
Што и да правите, уживајте додека го правите само тоа. Новите истражувања нè тераат да ја преиспитаме ефективноста на мултитаскингот, што го дели вашето внимание и ги фрагментира вашите мисли. Дозволете си го луксузот да забавите и да бидете во сегашниот момент со една задача. Ова може да ви помогне да ги завршите работите побрзо и да не го пренатрупувате вашиот мозок.
Пијте вода
Овој совет ќе го најдете на секој список на совети, но неговите придобивки понекогаш може да се занемарат. Недоволно пиење вода може да доведе до камења во бубрезите, лошо варење, главоболки, сува кожа, недостаток на енергија и многу повеќе. Бидејќи водата ја поврзува секоја клетка во нашите тела, одржувањето на вашето тело добро хидрирано придонесува за правилно варење, циркулација, функција на мозокот и телесна температура. Помага и при слабеење бидејќи ви помага подолго да се чувствувате сити без да додавате дополнителни калории. Здравствените експерти препорачуваат најмалку осум чаши вода дневно за вашето тело и мозок да функционираат оптимално и да останат здрави.
Движете се
Вежбајте за крвта и енергијата добро да циркулираат низ вашите мускули и зглобови, за да го намалите ризикот од дијабетес и срцеви проблеми. Движењето на вашето тело, исто така, го подобрува вашето расположение бидејќи ги зголемува „хормоните на среќа“ допамин и серотонин и го намалува нивото на хормонот на стрес наречен кортизол. Обидете се да одите на прошетка 15-20 минути дневно, но ако не можете да бидете надвор, обидете се да вежбате дома. Тоа може да бидат лесни вежби како на пример трчање во место или чучњеви една минута со целосен напор. Целта на вежбањето е да ви ја зголеми енергијата ако сте цел ден во затворен простор дома или на работа.
Спијте квалитетно
Квалитетниот и мирен сон е дефитнивно многу важен за вашето здравје. Здравствените експерти препорачуваат околу седум часа сон секоја вечее и редовен распоред за спиење. Одењето во кревет и будењето во исто време секој ден влијае на вашата ментална острина, перформансите, емоционалната благосостојба и нивото на енергија. Значи, одржувањето на конзистентна рутина на легнување и будење може да го подобри квалитетот на вашиот сон и да влијае на денот што следи.
Наполнете ги батериите во природа
Исто како што на вашето тело му е потребна храната што ја јадете, така и на вашиот ум му е потребна природата за да се наполни со енергија. Сонцето, свежиот воздух, зеленилото, цветовите и животните се подароци кои природно ги освежуваат и стимулираат нашите сетила, одржувајќи нè во контакт со нашиот извор и најдоброто што животот го нуди. Одличен начин да ги наполните батериите и да се опуштите додека сте во природа е да најдете тивок простор каде што можете само да ги слушате сите звуци околу вас. Без разлика дали се работи за ветрето во дрвјата или брановите што удираат во езерото со галебите што летаат одоколу, слушајќи ги звуци од природата околу вас, лесно може да останете во сегашниот момент и да го смирите умот.
Поврзете се со себе
Повеќете од нас имаат навика да ги живеат своите животи барајќи ја среќата некаде надвор од себе, па така се повеќе се оддалечуваат од среќата што ја носат во себе. Ако вежбаме да го свртиме нашиот фокус навнатре, можеме многу појасно да ги видиме нашите потреби, желби, соништа и вистинската природа на нашето „јас“. Кога ќе можете да се направите анализа на себеси, тогаш можете да научите дека причините за вашите проблеми можеби не се надворешни влијанија како на пример врските, туку колку сте поврзани со себе. Добар начин да се поврзете со себеси е преку практикување медитација и позитивни афирмации кои ви дозволуваат да ги забележите вашите чувства, мисли и емоции. Одвојувајќи време за себе и обрнувајќи внимание на тие работи, можете да научите да најдете вистинска среќа и да се прифатите себеси во целост.
Доброто здравје на телото и умот е тековен процес кој го бара вашето внимание, а следењето на овие совети може да биде полесно да се напише отколку да се направи. Но, ако почнете со мали промени во вашата дневна рутина за да го подобрите вашето здравје, може тие промени да прераснат во навики кои ќе траат цел живот. Уживајте!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.