Практикувањето јога има повеќе придобивки за организмот отколку пешачењето или џогирањето, се разбира доколку се практикува секојдневно. Во продолжение прочитајте за седумте докажани придобивки од јогата.
1. Помага во контрола на емоциите
Едно неодамнешно истражување на Универзитетот Ватерло открило дека 25 минути Хата јога или медитација можат да ги подобрат когнитивните функции, да ги подигнат нивоата на енергија и да ги контролираат емотивните реакции.
Истражувањето вклучувало три групи испитаници кои 25 минути практикувале Хата јога, медитирале или читале книга. Тимот открил дека учесниците кои практикувале Хата јога и медитирале биле повеќе фокусирани во првите неколку часа по завршување на испитувањето.
2. Може да помогне во борбата со Алцхајмерова болест
Истражувачкиот тим од Универзитетот во Јужна Калифорнија забележале значајно зголемување на невротрофични фактори на мозокот (BDNF) кај испитаниците по 3 месечно практикување на јога, медитација и медитеранска исхрана.
BDNF е протеин кој се наоѓа во областите одговорни за учење, меморија и критичко размислување и обично е застапен со пониски нивоа кај пациентите со Алцхајмерова болест.
Ова истражување покажува корелација помеѓу BDNF и когнитивното оштетување. Кога нивоата на BDNF се зголемуваат, когнитивните функции, фокусот и долгорочната меморија се подобруваат.
3. Ги намалува воспалителните процеси во телото
Истиот истражувачки тим од Универзитетот во Јужна Калифорнија откриле дека јогата помогнала да се намалат воспалувањата со зголемување на нивоата на интерлеукин 10. Тоа е анти-инфламаторна супстанца која игра улога во регулација на имуните одговори. Ова исто така може да се поврзе со зголемување на нивото на BDNF преку практикување јога, бидејќи некои истражувања веруваат дека BDNF го регулира интерлеукин 10.
4. Го подобрува расположението
Гама-аминобутерна киселина (GABA) е амино киселина која се наоѓа во централниот нервен систем. Таа е одговорна за регулирање на мускулниот тонус и блокирање импулси помеѓу нервните клетки. Ниските нивоа на GABA обично се поврзани со епилепсија и промени во расположението.
Едно истражување покажало дека испитаниците кои практикувале јога во период од 12 недели значително го подобриле расположението и нивото на GABA во мозокот, во споредба со испитаниците кои за истиот период пешачеле 60 минути дневно, три пати неделно.
5. Го подобрува сонот
Јогата може да биде одличен лек за несоница. Истражување од 2014 година покажало дека по 12 недели континуирана пракса, јогата го подобрува квалитетот, ефикасноста и латентноста на спиењето кај возрасните лица. Слично на тоа, уште едно истражување каде испитаници биле 120 медицински сестри, покажало дека оние кои практикувале јога 50-60 минути, два пати неделно покажале подобрување на квалитетот на спиење и помалку стрес на работното место споредено со групата која не практикувала јога.
6. Ја намалува хроничната болка
Сивата маса е главна компонента на централниот нервен систем, особено за деловите кои се одговорни за слух, донесување одлуки, емоционална регулација и самоконтрола.
Секаков вид на хронична болка вообичаено е проследено со намалување на сивата маса. Тоа предизвикува пациентите да имаат значително намалена толеранција за болка. Според истражувањата практикување редовно јога ја зголемува сивата маса во критичните области на мозокот и помага во борбата против хроничната болка и депресијата.
7. Може да го намали лошиот холестерол
Липопротеинот (LDL) кој е познат како лош холестерол, кога се зголемува, ги зголемува и шансите за срцеви проблеми или заболувања. Според истражувањето, испитаниците кои практикувале јога во период од 6 месеци, значително го намалиле нивото на лошиот холестерол и триглицериди. Истото истражување, исто така покажало дека јогата може да ја подобри функцијата на тироидната жлезда.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.