Нашите мозоци постојано се „хакирани“ од секакви информации кои доаѓаат од надворешната средина, односно од сè што не опкружува. Сите овие информации кои ги примаме имаат негативен ефект врз менталното здравје, доколку не научиме правилно да ги процесираме или да се дистанцираме од нив. На крајот на денот, запишете три добри работи кои ви се случиле во текот на денот. Така учите да го „хакирате“ мозокот на позитивен начин, привлекувајки внимание на позитивните карактеристики кои имаат тенденција да останат незабележани.
Ослободете се од стресот
Да сте под стрес едноставно значи дека „барањата“ со кои се соочувате се поголеми од ресурсите со кои располагате, односно од енергијата која ја имате. Намалете ги тие „барања“ со делегирање на задачите и обврските или со целосно елиминирање. Зголемете ги ресурсите со посветување повеќе време за себе, прошетки, читање книга или медитација, што и да ве прави среќни.
Не бидете непријатели самите на себе
Да, неколку пијалоци на крајот на денот може да ви помогнат да се опуштите по стресниот ден што сте го имале. Но, следниот ден дури и да не сте мамурни, сепак ќе бидете помалку свежи од вообичаено. Истото важи и доколку останете цела ноќ да работите или доколку консумирате брза храна. Секогаш ќе треба да платите „поголема камата“ за менталното здравје за сите форми на краткорочно олеснување.
Запомнете светот не е фер
Ако некој ви згреши, опседнувањето со тоа само и дава поголема моќ на лутината. Лутината како емоција што ја носиме со себе е само уште еден дополнителен товар. Уште полошо, ви го троши и времето. Размислете колку од вашето време го трошите размислувајќи за нешто што некој друг ви направил. Ослободувањето од лутината, може да изгледа како капитулација, но всушност ви ја враќа моќта, а со тоа вие сте повторно во контрола и може да се посветите на работите кои ве исполнуваат и прават среќни.
Бидете добри, чувствувајте се подобро
Бидете добри кон луѓето околу вас, без разлика дали станува збор за вашиот партнер, семејството, пријателите или тотални странци. Во вашиот ум, посакајте им среќа и ослободување од страдањата. Тоа е доволно. Посакајте го истото на секој човек со кој што ќе се сретнете во текот на денот. Почувствувајте ја топлината во себе. Можеби звучи клише, но помага на крајот на денот да се чувствувате подобро.
Разбудете се 15 минути порано
Стекнете навика да се будите малку порано од вообичаено, за да го започнете денот спокојно. Овие дополнителни минути од денот посветете си ги на себе и менталното здравје. Може да го започнете денот со кратка јога пракса, медитација или пранајама техники за дишење. Овие техники ќе придонесат да го започнете денот со поголема свесност. Почнете го денот без стрес и паника мислејќи на обврските кои треба да ги завршите уште пред да излезете од вашиот дом.
Пробајте пранајама техники за дишење
Постојат различни техники за дишење (нади шодан, брамари, капалбати, бастрика) кои можат да ви помогнат да се ослободите од стресот што го носи секојдневниот живот. Овие техники овозможуваат поголемо количество кислород да дојде до вашиот мозок, што доведува до поголема концентрација и бистрина на умот. За почеток седнете во удобна седечка положба со исправен грб и пробајте неколку минути да го донесете вниманието на вашето дишење и да го почувстувате текот на дишењето. Со секојдневна примена на техниките за дишење ќе ги забележите придобивките.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.