Спирулина е организам кој расте во свежа и во солена вода. Тоа е еден вид цијанобактерија, која спаѓа во фамилијата на едноклеточни микроби кои често се нарекуваат сино-зелени алги. Исто како и растенијата, цијанобактериите можат да произведуваат енергија од сончева светлина преку процес наречен фотосинтеза.
Спирулината била употребувана од древните Ацтеки, но повторно станала популарна кога НАСА предложила да се одгледува во вселената за употреба од страна на астронаутите.
Оваа мала алга е богат извор на витамини и минерали. Спирулината содржи протеини, витамин Б1 (тиамин), Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацин), бакар, железо. Содржи и магнезиум, калиум и манган и мали количини на речиси секоја друга хранлива материја која ви е потребна. Грам по грам, спирулината можеби е и најхранливиот суплемент на планетата.
Квалитетот на протеинот во спирулината се смета одлично во споредба со протеините од јајцата. Ги дава сите есенцијални амино киселини кои ви се потребни.
Иако често се тврди дека спирулината содржи витамин Б12, сепак тоа не е точно. Спирулината има псевдовитамин Б12, кој не се има покажало ефикасен кај луѓето.
Моќен антиоксидант со антиинфламаторни својства
Оксидативното оштетување може да им наштети на клетките и ДНК-та. Ваквите оштетувања можат да предизвикаат хронични воспаленија, кои можат да придонесат за појава на рак и други болести.
Спирулината е фантастичен извор на антиоксиданси, кој може да заштити од оксидативно оштетување. Нејзината главна активна компонента се нарекува фикоцијанин. Оваа антиоксидантна супстанца и ја дава на спирулината единствената сино-зелена боја.
Фикоцијанинот може да се бори со слободните радикали и да го инхибира производството на воспалителни сигнални молекули, обезбедувајќи импресивни антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти.
Може да го намали лошиот холестерол и триглицериди
Срцевите заболувања се водечка причина за смрт во светот. Многу фактори се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања.
Според многу истражувања, спирулината позитивно влијае на многу од овие фактори. На пример, може да го намали „лошиот“ холестерол и триглицеридите, додека го зголемува „добриот“ холестерол.
Може да помогне во намалување на високиот крвен притисок
Високиот крвен притисок е главен двигател на многу сериозни болести, вклучувајќи срцев удар, мозочен удар и хронична бубрежна болест.
Доза од 4,5 грама дневно се покажало дека го намалува крвниот притисок кај учесници во истражувања. Се смета дека ова намалување е поттикнато од зголеменото производство на азотен оксид, сигнална молекула која им помага на крвните садови да се релаксираат и да се прошират.
Ги подобрува симптомите на алергиски ринитис
Алергискиот ринитис се карактеризира со воспаление на назални патишта. Тоа е предизвикано од алергени од околината, како што се полен, животински влакна или дури и прашина од пченица.
Спирулината е популарен алтернативен третман за симптоми на алергиски ринитис и постојат истражувања кои покажале дека може да биде ефикасна. Во едно истражување на 127 луѓе со алергиски ринитис, им било давано 2 грама спирулина на ден што драматично помогнало во намалени симптоми како што се назален исцедок, кивање, назална конгестија и чешање.
Може да биде ефикасна против анемија
Постојат многу различни форми на анемија. Најчестиот се карактеризира со намалување на хемоглобинот или црвените крвни зрнца во вашата крв.
Анемијата е прилично честа кај постарите возрасни лица, што доведува до продолжено чувство на слабост и замор.
Во едно истражување на 40 постари луѓе со историја на анемија, додатоците на спирулина го зголемиле хемоглобинот и ја подобриле имунолошката функција.
Имајте на ум дека ова е само една студија. Потребни се повеќе истражувања пред да се дадат какви било препораки.
Може да ја подобри мускулната сила и издржливост
Оксидативното оштетување предизвикано од вежбање е главен придонесувач за мускулниот замор. Одредени растителни храни имаат антиоксидантни својства кои можат да им помогнат на спортистите и физички активните поединци да ја минимизираат оваа штета.
Спирулината изгледа корисна, бидејќи многу истражување укажаа на подобрена мускулна сила и издржливост. Во две истражувања, спирулината ја подобрила издржливоста, значително зголемувајќи го времето потребно за луѓето да се заморат.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.